ФАО против шпекулациите на пазарите со храна
Генералниот директор на Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО), Жак Дијуф, предупреди на уште една криза со храната и побара воведување прописи со кои би се спречила активноста на шпекулантите со прехранбени суровини.
„Високите цени и нивната нестабилност ќе продолжи и во следните години доколку не се избориме со структурните причини за нерамнотежа на меѓународниот земјоделски систем“, изјави Дијуф.
Тој ја истакна итната потреба за „нови мерки на транспарентност и регулација. „Во следните 40 години нужно ќе биде да се зголеми земјоделското производство за 70 проценти, при што во земјите во развој и за 100 отсто. Тоа значи дека официјалната помош за помош за земјоделството ќе се зголеми за 44 милијарди долари, а инвестициите во приватниот сектор во аграрот ќе пораснат за 60 милијарди долари, односно на 200 милијарди долари годишно. Тие пари ќе треба да се искористат и за финансирање на малите работи за регулација на водните ресурси, за изградба на локални магацински капацитети, за селски патишта, пристаниште за рибарските бродови и за кланици во земјите во развој“, наведе Дијуф.
Во јануа��скиот извештај на ФАО се наведува дека светските цени на шеќерот и на месото достигнаа рекордна вредност, додека индексот на цените на житата, пред се', на пченицата, оризот и на пченката, достигна највисока вредност од август 2008 година. (МИА) |