Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Нема ревизија за куќите до 200 квадрати

Се укинува задолжителната ревизија на основниот проект за објекти наменети за индивидуално домување со површина до 200 квадратни метри, како и задолжителниот надзор на самата изградба. Ваквите објекти ќе бидат ставени во употреба само со изјава од изведувачот заверена на нотар.

Ова е една од најновите измени на Законот за градење со кои вчера министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ги запозна градежниците при Стопанската комора на Македонија. Меѓу другото, се предвидува и да се намали бројот на категории градби од пет на две и тоа во првата да влезат објектите што се од значење за државата, а во втората сите градби што досега спаѓаа во трета, четврта и петта категорија. Исто така, измените предвидуваат и укинување на одобрението за градба за помошни објекти што се во функција на објектот за домување, а се градат на иста урбанистичка парцела.

Образложувајќи ги измените, Јанакиески истакна дека се поедноставуваат постапките и целосно се укинуваат сите административни пречки. „Се сведуваме на четири чекори за нормалните градби, а за индустриските објекти-загадувачи веќе се изработува подзаконски акт со Министерството за животна средина за кои типови градби ќе се бара студија за животна средина“, рече Јанакиески.

Ставот на градежниците е дека масовно ќе се злоупотребува отсуството на задолжителен надзор при изградба на помали индивидуални објекти бидејќи тоа претставува отворена врата за дивите мајстори. Но, според министерот, контролата би ја вршел општинскиот инспектор, кој ќе треба да направи анализа дали компанијата има соодветна лиценца и дали гради во согласност со планот и одобрението за градење, кое, пак, од јуни наредната година ќе почне да се издава по електронски пат. (Б.А.)


#
Статијата е прочитана 1005 пати.

Испрати коментар

Од: Zakoni po poracka
Датум: 27.01.2011 12:38:44
E sega tek ce ima kriminal vo gradenjeto. Ovie bre kako namerno da mu odaat naraka na kriminalcite vo gradeznistvoto
Од: marija
Датум: 27.01.2011 14:29:01
e sega kriminal do tuka i nazad. imaj prijatel vo opstina i gradi kaj sakas kolku sakas..... Ministerot kojzne kolku ima lapnato za ovoj zakon... bruka!
Од: Зевзекмен
Датум: 28.01.2011 10:35:19
изборна демагогија на сите страни...СДСМ најпрвин акцијата за легализација на дивоградби за 1 евро/м2 ја жигоса како криминал, за одеднаш да излезе со предлог за легализација за 0 пари, а и документите на трошок на државата !?!? Власта пак извади закон дека дивотоградење е кривично дело, но сега како одат работите дивоградителите и узурпаторите ќе бидат наградени. Сега ке испадне ако си на одмор подолго, кога ќе се вратиш комшијата да изгради дивоградба на твое земјиште и ќе се сликаш...

Најди! во Утрински
Економија
Пари само за 10 километри автопат
Трошиме двојно повеќе отколку што заработуваме
Саксии со дрвца во дупките по патиштата
Давос
ФАО против шпекулациите на пазарите со храна
Снимање филмови со Бум ТВ