Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Хроника

Ладнокрвниот убиец Тони Манџа вратен во „Идризово“

Бугарија ни го испорача Тони Кечев (31), неколкупати осудуван за разни дела

Еден од најбараните македонски криминалци, гевгеличанецот Тони Кечев познат како Тони Манџа, вчера беше екстрадиран од Бугарија во земјава. Кечев, кого јавноста најмногу го памети по ладнокрвното убиство на полицаец и на случаен минувач извршено во Гевгелија пред 11 години, веднаш е префрлен во затворот „Идризово“. Против него има серија пресуди поради разни кривични дела.

Тони Манџа бил лоциран во Бугарија, каде што под друг идентитет, односно на име Лазар Маринов Русеков од Софија, издржувал затвор за кривично дело сторено во Бугарија. Македонската полиција испрати отпечатоци и фотографии на осуденикот, па откако неговиот идентитет бил потврден, Бугарите ни го екстрадираа нам. Кечев, кој беше баран со меѓународна, црвена потерница преку Интерпол, во Македонија беше испорачан преку Деве Баир со највисоки мерки на безбедност.

Кечев неколкупати беше апсен и бегаше од затворите. Последен пат, ланскиот јуни, успеа да побегне од Хируршкото одделение на гевгелиската болница откако му беше извршен хируршки зафат поради повреда на крвните садови на десната рака. Успеал да се ослободи од лисиците со кои бил врзан за болничкиот кревет и преку прозорецот, и покрај стражата пред неговата соба, скокнал и побегнал. Набргу по бегството, тој доброволно и' се предаде на полицијата. Истражен судија од Струмица му одреди притвор од 20 дена и Кечев беше префрлен во затворот во Прилеп.

Во 2005 година, пак, беше екстрадиран од Грција, а поради бегството од издржување казна, заработил уште шест месеци затвор.

Тој најмногу и' стана познат на јавноста во 1999 година кога по бегство од затвор, тргна да го реализира списокот со личности за елиминација. За двојното убиство во Гевгелија беше осуден на 15 години затвор. Во изминативе години неколку пати беше осудуван поради разни кривични дела. Годинава, во отсуство беше осуден на 10 години затвор поради разбојништво извршено во група.

„Додека бил малолетен, бил пријавуван за 24 дела ‘тешка кражба‘, за 21 кривично дело ‘одземање на моторно возило‘ и за пет кривични дела ‘кражба‘ за што му била изречена мерка ‘упатување во воспитно-поправен дом‘, соопшти полицијата. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 1539 пати.

Испрати коментар

Од: jare
Датум: 09.12.2010 14:38:19
Mora da e bolen covekov.Koga uspeal za tolku kratok zivoten vek da napravi tolku greski?Ne jasno.I tie roditeli ,ako gi ima kaj im bile ocite i pametot?monstrum
Од: zoran
Датум: 09.12.2010 18:49:20
neli sfakate deka e necij piun, namerno go pustaat od zatvor da napravi zlostorstvo i pak go apsat potoa.

Најди! во Утрински
Хроника
И затворениците на „Фејсбук“
Саша Андоновски наскоро на слобода
Пешак прегазен на патот Тетово - Скопје
Бајруш понуди милиони, па го пуштија дома
Во затвор најдена кеса со марихуана
Трактор усмрти жител на Опае
Наставник воведувал ред со линијар
Му ја запалил колата и избегал
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud