Пешак прегазен на патот Тетово - Скопје
ТЕТОВО - Николче Д. (45) од Штип, кој како пешак преминувал покрај старата сообраќајница Тетово - Скопје, кај отпадите за автомобилски делови починал на самото место откако во него удрило „пежо 206“ управувано од М.К. (56) од Тетово. Штипјанецот бил во еден од отпадите, па се обидел да премине кон автопатот каде што го имал паркирано своето возило, но тогаш настрадал. (Г.Е.) |