|
|
|
|
|
|
Бајруш понуди милиони, па го пуштија дома
Министерката Јанкулоска непријатно изненадена од одлуката на судот
Љубиша Станковиќ
Скопскиот Апелациски суд ги прифати гаранциите во кеш и во недвижен имот во замена за куќен притвор за кумановецот Бајруш Сејдиу.
Советот на Апелација ја донесе ваквата одлука во понеделникот, во доцните попладневни часови. Одлуката била донесена со понудени гаранции во висина од 1,4 милиони евра. Според наши сознанија, во делот од гаранциите имало и готови пари во висина од 110.000 евра.
„Точно е дека се понудени гаранции во недвижности: куќи, локали и земја. Тука не станува збор само за гаранции што ги понудиле роднини на обвинетиот, туку и негови блиски пријатели. Ова требаше да се случи многу порано, но и сега не е доцна“, ни вели еден од тимот адвокати на Сејдиу.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска вчера изјави дека е непријатно изненадена од одлуката на судот. Таа, „со сета должна почит кон судот“, како што рече, се запрашала врз основа на кои документи била донесена таквата одлука. Јанкулоска нагласи дека ова решение нема да ја поколеба полицијата, процесот да заврши до крај.
Неговото ослободување доаѓа по три години од реализацијата на полициската акција „Пепел“, а со која беа опфатени повеќе од 30 лица, инаку блиски негови соработници, главно, раководен кадар во Тутунскиот комбинат „Боро Петрушевски-Папучар“ од Куманово.
Веќе првата година во скопскиот Кривичен суд започна еден од најобемните судења забележани во аналите на македонското судство. Бајруш Сејдии како првообвинет се товареше за четири кривични дела. Оваа пролет истиот суд ја донесе пресудата со која тој беше осуден на единствена затворска казна во траење од пет години, а согласно со која остана на доиздржување на мерката притвор се' до правосилноста на пресудата.
Упатувањето на Сејдиу на издржување куќен притвор претставува и своевиден шок во кој се најде нашиот правосуден систем. За скопскиот Кривичен суд е загрижувачки тоа што Апелација донела одлука со која тој се пушта на издржување мерка куќен притвор во моменти кога токму во повисокиот суд треба да се решава по неговата жалба за веќе изречената пресуда. Она што е многу битно е тоа што неговото ослободување доаѓа во моменти кога вториот судски процес што се води против него е во фаза на завршен збор. Од „единица“ велат дека немаат намера да ја коментираат одлуката на повисокиот суд, но дека би било реално да се причека уште неколку дена пред да се изрече и втората пресуда за него.
Во аферата „Пепел“, која, главно, се однесуваше на Бајруш Сеидиу, негови блиски соработници и роднини настрадаа и неколку десетици кумановски полицајци. Тие беа преместени или сменети од работните места лично од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, а под образложение дека биле во блиски односи со Сејдиу. Во јавноста се говореше дека обвинението на Бајруш Сејиду било толкаво што „под него биле и судии и обвинители од Куманово“. |
#
|
Статијата е прочитана 792 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: zoro |
Датум: 09.12.2010 12:47:28 |
|
Korumpiranite sudii se nad zakonot, niv nemoze nikoj da im sudi za korupcija bidejki oni se zakon. Izmislija i deka sudskite odluki nikoj nema pravo da gi komentira. Kako da ne iskomentiras vakva sramna odluka, kriminalec koj sto svesen za svojot kriminal proba preku rampa spustena na granica da pregazi plicaec i da izbega od Makedonija, da bide pusten na domasha nega?! No ne e ni chudo, ova delo e mnogu slichno na deloto na Velija, nezakonsko proizvodstvo, edniot cigari, drugiot prehranbeni produkti. Seto ova mirisa na pomija od kujnata na "BC & Coruption", korporacijata na sudii, lekari, mediumski magnati, tranziciski oligarsi, bezrbetni politichari....Ne me chudi ni abolicija da dobie, ako se smeni vlasta normalno, no teshka rabota, ne go gledate toj film veke, navistina DOSTA E! |
|
|
|
|
|
|
Од: SPIRIDON do zoro |
Датум: 09.12.2010 15:32:45 |
|
Zoro utrinska,ušče ne i smnalo na Makedonija ,gleam i na tebe.A ako e zoro od limonadite so meksikanski šiker,pološo,nogu ti e razblažena.Pa B.C. kabaet.U situacija koa Mihajlo & familijata kontrolira i diktira od sudsko obvinitelskite soveti i nijnata fela ta pile ne preletuva,ja gi nema,kartali sa,jastanale lavove bez i so jajca,kaj ti tekna za B.C.A i Goca pripagja.Tugo tugo šo beme šo staname.A vaj Wikelikso ako počekame ke objave koj,kade,za kolku i so kogo ja napravil zdelkata,a i kolku spomenika ke naprae u Kumanovo i garant Trijumfalna zatvorsa kapija u centaro,da znaešI pa beljata na krivio,so abolicija razbira se.U Makedonija ke se zbogate astronomski taj šo ke izmisle lek za ispranite,zaprani i nedoprami mozoci.Se sose Hunzite i antikvičarite. |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 09.12.2010 17:51:27 |
|
Bajrus bese uapsen ne zatoa sto toa bese del od borbata protiv kriminal tuku poradi posetata na dvajca lugje od Fillip-Moris na koj Bajrus im se mesase vo biznisot. Grujo morase da go apsi, bidejki bese opomenet ako toj ne go napravi toa drugi ce gos storat. Bajrus placase arac i na DPMNE i na SDSM. Pustanjeto od pritvor e pod direktiva na Grujo, so cel da si prodolzi aracot. Izjavata na Gordana e losa gluma i nisto povece. |
|
|
|
|
|
|
Од: PAVLE ALIMASKA |
Датум: 09.12.2010 19:37:29 |
|
БРУКА НЕВИДЕНА и после ГУЈО ќе ми кажува дека се бори против криминалот,МАРШ ТАМУ НЕДОРАСНАТИ ЕДНИ,имате среќа што во СДСМ има голем вакуум и што не се појави некој млад и чесен,досега немаше да се познавате,НАРОДОТ ЌЕ ВЕ ИЗГАЗЕШЕ |
|
|
|
|
|
|
Од: sale |
Датум: 10.12.2010 07:47:53 |
|
milioni moze da ponudi sekoj krupen kriminalec,po ovoj primer treba da im dozvolat sudiite i na drugite kriminalci da si gi ostvarat ovie prava ! ima li kraj |
|
|
|
|
|
|
|
|