Трактор усмрти жител на Опае
Жител на кумановското село Руница завчера попладне забележал превртен трактор, под кој имало мртво лице. Истрагата утврдила дека станува збор за А.Е. (43) од Опае, кој во неделата наутро заминал со тракторот да товари дрва. Околу 16 часот тракторот се превртил и го поклопил А.Е., кој починал на самото место. (Г.А.) |