Број 3318  понеделник, 28 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Сто илјади граѓани принудени да летуваат дома

Граѓаните кои немаат нови биометриски пасоши, летово
не ќе можат да ја напуштат земјава

Даниела Трпчевска

За околу 100 илјади македонски граѓани летниот одмор во некоја од атрактивните европски дестинации ќе остане само сон поради неможноста навреме да ги добијат новите биометриски пасоши.

Иако дел од нив аплицирале за новите документи пролетва, и по два месеца чекање не знаат кога ќе го добијат новиот пасош в рака. Другите, пак, или имаат закажани термини во текот на летото или, пак, за новите документи ќе чекаат дури до август 2011 година кога единствено може да се најде слободен термин!

Според евиденцијата на МВР, досега се изготвени над два милиона биометриски документи, од кои 780 илјади се нови биометриски пасоши, но уште над 72 илјади граѓани се наоѓаат на долгата листа на чекање, која се протега до август 2011 година.

За тогаш се закажани последните термини за нови пасоши по редовна постапка, додека за итна процедура над 10 илјади граѓани чекаат да бид��т фотографирани до почетокот на август годинава. И покрај тоа што ќе платат неколкупати повеќе од редовната цена, додека ги земат новите пасоши, ќе помине екот на летната сезона.

Многумина од граѓаните изморени од чекање и револтирани од неизвесноста, на крај се одлучуваат повторно да тропнат на вратите на амбасадите и со стариот пасош, но со нова виза да заминат на одмор надвор од земјава. „Мојот сопруг се јави уште во ноември и му кажаа термин за аплицирање на 11 мај. Тогаш бевме живи среќни што му го закажаа тој термин, оти мислевме дека до јули кај и да е ќе му биде изготвен пасошот. Но, уште кога се фотографираше, му кажале да очекува за најмалку 60 дена дека ќе го добие патниот документ. Сега ќе мора со стариот пасош да вади виза за да можеме семејно да одиме на одмор“, раскажува сопругата на скопјанецот Н.П.

Другите, пак, се одлучуваат во последен момент да ги заменат редовните термини со итни и да платат двојно повеќе само да го добијат најпосакуваниот документ во својата рака.

„Постапката за вадење пасош во редовна процедура ја завршив во почетокот на мај. Бев убедена пред летните одмори дека пасошот ќе ми биде готов и без проблем ќе можам да патувам. Меѓутоа, вработените од Управните служби на МВР ме уверија дека нема шанси да го добијам документот и дека ќе мора да почекам до септeмври оти има голем метеж. За да се осигурам дека нема да ми пропадне одморот, решив да доплатам уште 3.000 денари и да го префрлам вадењето на пасошот од редовна во итна постапка. И за чудо, штом уплатив, по два дена го добив пасошот на рака!“, вели дваесет и петгодишната скопјанка Д.Ј., која минала низ вистинска мака за да ја добие новата патна исправа.

Извори од МВР велат дека во изминативе месеци службите се фокусирани, пред се', на изготвување на пасошите по итна постапка, од кои над милион евра секој месец се слеваат во касата на Министерството. За сметка на тоа, изработката на редовните пасоши, велат нашите извори, е сведена речиси на минимум поради што се случува граѓаните да чекаат и повеќе од два месеца за да ги подигнат готовите документи. Во меѓувреме се откажуваат аранжмани преку туристички агенции, се прекројуваат плановите за патувања и одмори, а чести се и случаите на револтирани граѓани, кои на шалтерите на Управните служби во МТВ се жалат дека ги откажале гостувањата со ансамбли и играорни групи во странство, само поради тоа што навреме не им бил изготвен новиот документ.

Зрак надеж дека може да дојде до олабавување на притисокот за вадење нови документи има по неодамнешното пристигнување на новата машина за печатење лични документи што ја изработи германската фирма „Гисеке и девриент“.

Во наредните две до три недели таа ќе биде поврзана во системот и се очекува кон средината на јули да биде ставена во функција. Новата машина има можност за персонализирање максимум до 5.000 картички. Таа ќе биде искористена за печатење на личните карти и на возачките дозволи, додека останатите две машини со кои располага МВР ќе бидат ставени во функција на печатење на новите пасоши.

„Со новата машина се очекува двојно да се зголеми сегашниот капацитет за издавање на лични документи“, велат во МВР, изразувајќи надеж веќе веќе од јули би можело да дојде до поместување на термините за пасоши нанапред. Но, за повеќето граѓани тоа ќе биде предоцна за да ги планираат годишните одмори и да го искористат благодетот на летото поради што ќе останат да одмораат во када. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 3096 пати.

Испрати коментар

Од: Мите
Датум: 28.06.2010 00:36:21
е па мора некој и во Охрид на одмор да појде, зарем само Срби и Бугари ќе одат... после се чудиме кога ни го земаат идентитетот...
Од: Nato-Jato
Датум: 28.06.2010 06:59:51
Mite - pa ne e pasosot samo za odmor! Gragjanite treba da ja tuzat drzavata za haosot so licnite dokumenti! i Ne e do masinata LAZAT!
Од: blagoja
Датум: 28.06.2010 08:17:49
Lele mori majko, 100000 lapaci ne ce mozele na odmor zatoa sto ne stignale da izvadat Biometriski pasosi, pa sega ce morale da pasat vo makedonija!? A sto e so ostatokot od narodot od 1900000, dali imat tie dovolno leb za jadenje?
Од: Mile
Датум: 28.06.2010 09:04:05
Zarem i ova e za vo hronika(se nadevam ne e crna)
Од: вераг
Датум: 28.06.2010 11:56:25
Ова е една од мерките на владта за развој на домашниот туризам. А инаку од почетокои на транзицијата јас не летувам во странство,всушност не летувам никаде.Ама сум многу сречна што сме свои на своето,ништо друго не ми треба.
Од: eleni
Датум: 28.06.2010 14:01:00
Bravo za naslovov,champs!
Од: Goran
Датум: 28.06.2010 16:28:01
Prinudeni? Sto ima loso vo toa da se letuva doma. Site ja znaeme sostojbata so pasosite koja e katastrofalna i sto da ocekuvame. Na krajot, ubavo bi bilo del od parite da gi ostavime vo Makedonija, namesto Grcija, Bugarija ili nekoj druga zemja.

Најди! во Утрински
Хроника
Широк фронт против сексуалната злоупотреба на децата
Бугарски туроператор ќе одговара за бродската несреќа
Македонско-бугарска банда фалсификувала картички
Притвор за 23 од „Фаланга“
Обид за убиство во Беровско