Број 3318  понеделник, 28 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Широк фронт против сексуалната злоупотреба на децата

Македонија се' уште ја нема ратификувано Конвенцијата на Советот на Европа

На 1 јули стапува во сила новата Конвенција против сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба на децата на Советот на Европа. Македонија ја има потпишано Конвенцијата, но се' уште ја нема ратификувано. Киднапирањето, силувањето и убиството на 17-годишната Ешли Хол, која својот напаѓач го запознала преку Интернет, а кој користел лажен идентитет за да воспостави пријателство со неа преку Интернет, како и низа други слични случаи на сексуална злоупотреба на деца во државни институции, училишта, семејства, па дури и цркви, беа причината поради која Советот на Европа ја изгласа новата Конвенција.

Македонија и самата неодамна се згрози од педофилскиот скандал на вработен во ОБСЕ во Скопје, кој имал осум часа снимен видеоматеријал и над 30.000 фотографии во својот компјутер со сексуална злоупотреба на деца.

Конвенцијата, како што информира заменик генералниот секретар на Совет на Европа, Мо�� де Боер-Букикио, е првиот инструмент кој сексуалната злоупотреба на децата ја третира како кривично дело, независно дали е извршено во домот, во рамки на семејството или преку Интернет. „Конвенцијата бара од европските законодавци да ги прошират законските ограничувања за судење на овие кривични дела со што постапката би можела да почне долго време откако жртвата станала полнолетна“, наведува Боер-Букикио. Конвенцијата ја нагласува важноста на сексуалното образование и повикува да се основаат служби каде што децата може да ја пријават злоупотребата. Таа ги наведува судските процедури кои се соодветни за децата, кои ја земаат предвид нивната траума и ги заштитуваат сигурноста, приватноста, идентитетот и имиџот на жртвите.

Во ноември во Рим Советот на Европа ќе ја промовира својата нова кампања за подигање на свеста за ова прашање, вклучително и телевизиски спот, со цел да ги алармира владите на своите 47 земји-членки, за недозволивата појава на сексуално насилство врз децата. „Многу злоупотреби можат да бидат избегнати доколку децата ги знаат ризиците и чекорите што треба да ги преземат кога се во опасност“, смета Боер-Букикио. „Сексуалното насилство врз децата е кривично дело и длабока рана, а нашите социјални кодови, табуа и стравови изградиле вештачки ѕидови на тишина за да го замолчат детското страдање и да ги заштитат криминалците“, вели таа.

Статистиката, пак, покажува дека едно од пет деца во Европа се смета за жртва на сексуално насилство, насилство кое има повеќе облици, но кое во најголем број случаи не е и неизбежно. Во 70-85 проценти од случаите, сторителот им е познат на жртвите. Затоа Советот на Европа ги промовира детските права и заштитата од сексуално насилство ја усвои како свој приоритет преку заложбите за постепено усвојување правни и политички мерки во Европа и преку започнување кампања за подигање на свеста, наведува Боер–Букикио. Според неа, итно е неопходна дефинитивна акција за превенција, осудување и казнување на злоупотребите, за да им се помогне на децата да се заштитат и изразат себеси и да им се даде шанса на жртвите да ја надминат нивната траума. (Т.Г.)


#
Статијата е прочитана 627 пати.

Испрати коментар

Од: мајка
Датум: 28.06.2010 11:02:47
Секако, да не заборавиме дека мора да се воведат многу ригорозни мерки за сторителите, да не речам смртна казна или кастрација. Доаѓа предвид и линчување.

Најди! во Утрински
Хроника
Сто илјади граѓани принудени да летуваат дома
Бугарски туроператор ќе одговара за бродската несреќа
Македонско-бугарска банда фалсификувала картички
Притвор за 23 од „Фаланга“
Обид за убиство во Беровско