Македонско-бугарска банда фалсификувала картички
ШТИП - Здружена македонско-бугарска банка од вкупно осум члена за само една недела, со фалсификувани платежни картички на две домашни банки, на незаконит начин се стекнале со противправна имотна корист од над милион денари. Само брзата и ефикасна интервенција на Единицата за борба против компјутерскиот криминал при МВР, во соработка со СВР - Штип, ги спречила петтемина Македонци и тројцата Бугари да продолжат со својата нелегална дејност во Скопје, Охрид, Штип, Радовиш и во Велес, каде што претходно оперирале.
Според соопштението на СВР - Штип, членовите на групата биле откриени и приведени во саботата. Утврдено е дека тие изработувале фалсификувани платежни картички, кои ги употребиле во 110 случаи. Групата ја сочинувале Л.Ј. (32) од штипското село Таринци, штипјаните Н.П. (21), Р.Т. (21) И.С. (18), како и В.Г.(31), полициски службеник кој веќе бил суспендиран поради сомнение дека сторил две кривични дела - злоупотреба на службената положба и овластувања, односно разбојништво. Тројцата бугарски државјани-ортаци на македонската група се А.П. (32), Н.В. (32) и И.К. (33). Против сит�� учесници во криминалната група Јавното обвинителство во Штип поднесе кривична пријава за сторено кривично дело изработка и употреба на лажна платежна картичка. (И.Б.) |