Обид за убиство во Беровско
Кривична пријава за убиство во обид е поднесена против 21-годишниот Ж.Т. од беровското село Русиново, кој во саботата по полноќ со нож го нападна својот врсник и соселанец, со кого пиеле алкохол. Според МВР, Ж.Т. со нож со сечило долго 5-6 сантиметри, го пробол А.Б., нанесувајќи му повреди во пределот на левата надлактница и десната страна од стомакот. Ранетото момче е пренесено во Ургентниот центар во Скопје, додека напаѓачот е приведен и му е одреден триесетдневен притвор. (Г.А.) |