Притвор за 23 од „Фаланга“
Дваесет и тројца од 29-темина кривично пријавени за илегално ископување од археолошки локалитети во земјава и нивно продавање во земјата и во странство добија притвор од истражниот судија во скопскиот Основен суд.
Тие беа уапсени во четврточната акција на полицијата во неколку града низ Македонија. Според истрагата, организираната група нелегално вршела ископување на незаштитените локалитети во земјава, крадејќи предмети од 8 век пр.н.е., па се' до 19 век од нашата ера.
Експертите тврдат дека вредноста на предметите е непроценлива, имајќи предвид дека станува збор за историско богатство, но, гледано во пари, станувало збор за бизнис вреден милиони евра. (Г.А.) |