|
|
За 28 скулптури, пристигнати 55 идеи
Општина Центар се' уште не одлучила чии скулптури ќе се распоредат симетрично по 14 од двете страни на мостот на уметноста. Надлежната комисија моментално ги филтрира сите 55 доставени предлози од 24 автори. На јавниот повик беше наведено дека е планирано мостот да го красат бронзени двометарски скулптури на личности од поновата историја на македонската уметност, музичката, сликарската, писатели, поети, но крајниот избор, сепак, беше оставен на самите автори. Се' уште не е утврдено дали таму ќе се најдат скулптури на Тоше Проески, Кочо Рацин, Ацо Шопов и други, што беше идеја на Министерството за култура, кое ги наведе овие личности при презентацијата на 3-Д анимацијата на „Скопје 2014“. (Дс.Т.) |
#
|
Статијата е прочитана 595 пати.
|
|
|
|
|
|
|