|
|
|
|
|
|
Се продава земјиште за катна гаража
Се продава државно градежно земјиште во Центар за изградба на катна гаража. Парцелата, со површина од 801 квадратен метар, се наоѓа во „Мал ринг“ и се нуди со почетна цена од 7.600 денари по квадрат. На јавното наддавање може да учествуваат физички и правни лица, кои своите пријави треба да ги достават до 5 јануари 2011 година.
За градежната парцела е изработен идеен проект, според кој ќе треба да се изгради катната гаража и врз чија основа ќе се изработи основен проект, што ќе го одобри комисија формирана за таа потреба од страна на министерот за транспорт и врски. Идејниот проект во електронска форма и спецификацијата за чинење може да се добие во Министерството за транспорт и врски. (С.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 518 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: tomo |
Датум: 13.12.2010 15:57:18 |
|
Site katni garazi vo Skopje se prazni i ke vi ostanat prazni se dodeka ne dozvolite besplatno 8-casovno sekojdnevno parkiranje za rabotniot narod. Pravite garazi samo za patnici-namernici od Kumanovo, Tetovo i Kosovo koi dnevno brkaat po saat-dva rabota i za shopping-ashite. A za vrabotenite? Posleden slucaj e Novo Vero, do vcera poln parking, a sega prazen od koga stavija rampa. Kaj se moite ustavni prava? Treba li da izlezam na protesti zaedno so homoseksulacite, toa li? Nivnata prava se povazni? |
|
|
|
|
|
|
|
|