Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Фељтон
Скопје
12.12.2010, 17:03

Кафеани проширени на сметка на статиката

Станарите од една зграда до „Мавровка“ се жалат дека кафеанџиите ги поткопале темелите

Снежана Калабакова

Станарите од трикатната зграда на булеварот „Крсте Мисирков“ број 57, веднаш до ТЦ „Мавровка“, се исплашени за својата безбедност, бидејќи дуќанџиите од приземјето презеле градежни зафати со кои ги поткопале темелите. Луѓето се жалат дека кафеанџиите зафатиле од потпорните ѕидови, а го узурпирале и заедничкиот простор пред станбениот објект со цел да си ги прошират локалите. Со ваквата узурпација станарите автоматски се спречени да си го откупат дворното место што и' припаѓа на зградата.

Поплаките на граѓаните се упатени директно на адреса на Општина Чаир и до градоначалникот Изет Меџити, бидејќи, според нив, тие не смеат да дозволат бесправно ширење на кафеаната „Скупи“ и на ресторанот „Тиволи“. Станарите сметаат дека Општината не треба да им даде право на дуќанџиите да градат и да ги прошируваат локалите на земјиште што и' припаѓа на зградата.

Со градежните зафати што ги преземаат газдите за реновирање на дуќаните се уриваат потпорните столбови на зградата. Ова го прават со цел кафеаните да добијат во висина и во ширина, поради што го поплочуваат и го заградуваат зеленилото, па си прават тераси. На тој начин се затвора пристапот до станбената зграда, па станарите, како што велат, биле принудени со свои пари да направат посебен влез за да можат непречено да си доаѓаат дома. Но, и покрај тоа налето пристапот им го блокираат масите и столовите од ресторанот „Тиволи“.

„Газдата на овој ресторан копаше под целата тераса од првиот кат, проширувајќи го долниот дел од ресторанот, при што ги поткопа и темелите на зградата. Му пречеа во проширувањето и притоа не размислуваше за нашата безбедност, туку за својата материјална корист. Немоќни сме пред Општината Чаир и не можеме ништо да постигнеме. Преку овластен адвокат, со препорачано писмо, испративме петиција потпишана од сите станари. Во неа спомнавме дека ни е загрозена безбедноста поради бесправното градење и копање од страна на сопствениците на ресторанот ’Тиволи‘ и кафеаната ’Скупи‘. Но, од Чаир се' уште немаме никакво известување“, објасни еден станар, кој сакаше да остане анонимен.

„Нема ништо спорно во проширувањето на ресторанот и на кафеаната, бидејќи нивните сопственици уредно се обратија до Општината за добивање дозволи. Реакциите на станарите не се наместо. Тие не може да живеат во центар на град, а да очекуваат да имаат комодитет како да живеат во Топанско Поле. Сопствениците на дуќаните не се мои блиски луѓе и обвинувањата на станарите се неосновани“, вели градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Енвер Кадри, сопственик на ресторанот „Тиволи“, тврди дека ги поседува сите дозволи, па дури и дозвола од Градот за поставување урбана опрема, бидејќи и тој е дел од таа станбената зграда. „Зарем би дозволил мојот реномиран ресторан, кој неодамна доби награда за еден од најдобрите во Скопје, да работи нелегално“, вели тој.

Со газдата на кафеаната „Скупи“ не успеавме да го исконтактираме. За кафеаната нема телефонски број во Службата за информации.


Статијата е прочитана 1504 пати.

Испрати коментар



За 28 скулптури, пристигнати 55 идеи
Се продава земјиште за катна гаража
Монтажниот паркинг се пресели во Ново Лисиче
Новогодишната елка се исправи пред МЕПСО



Цветан, 13.12.2010 15:11:14
Каде се властите да видат како се прават злоупотреби од страна на инспекциите. Во кафаната “Јана“ кај Центар за странски јазици во Карпош јавно се пуши а дрскосрта на кафанџиите е до крајност. Имаат ли храброст инспекцијата да ги казнат арогантните кафеанџии или одат тамо само да јадат и пијат а се продаваат за една “шарска плескавица“ и 100 тина евра.
Coci, 13.12.2010 18:30:09
Sindromot Tupurkovski: Tuka dobivaat (i vladeat)neprincipielni koalicii a gubi eden dreven i principielen narod"! Pojke komentar ne treba!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најчитани текстови во 2011

1. Се запали Александар Палас - емирот во „магла"
2. Тргањето на Александар сега е тешко
3. Кај Велешко се бараат 220 тони злато
4. Македонец ја открил Америка со Колумбо
5. Бранко и Али бегаат од тигарот

Најнови вести
Време
Скопје, 0°C

Слаби снежни врнежи

Недела
Претежно облачно
Макс: 0°C, Мин: -3°C

Понеделник
Замрзнат дожд
Макс: 1°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Фељтон |