07.01.2012, 14:24 Во несреќа со балон на Нов Зеланд загинаа сите 11 лица
Во несреќа со балон наполнет со топол воздух, кој во синоќа се запали и се урна на Нов Зеланд, загинаа сите 11 патници, соопшти полицијата.
Балонот, како што е соопштено, се запалил пред да падне на една фарма во близина на местото Картертон, оддалечено околу 80 километри североисточно од Велингтон.
- За жал, пилотот и десетте патници не преживеаја, соопшти претставникот на локалната полиција Мајк Расбеч.
Несреќата се случила на мирно и ведро време. Ова е најтешката несреќа од ваков вид на Нов Зеланд, откако во 1979 година авион удри во планината Еребус, кога загинаа 257 лица.
|