03.01.2012, 13:22 Бензинот поскапува за 1,5, а дизелот за 0,5 денари
Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 77,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 79,50 денари за литар, а цената на Еуродизелот ќе изнесува 70 денари за литар.
Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денари за литар, а на дизелот за половина денар.
Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 77,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 79,50 денари за литар, а цената на Еуродизелот ќе изнесува 70 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета, односно 58,50 денари за литар.
Се зголемува цената на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,026 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 107,583 долари за барел и е за 0,32 отсто пониска од просечната цена на суровата нафта (107,929 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели изнесуваше 47,1367 де��/$ и е за 2,11 отсто повисок од курсот на доларот (46,1606 ден/$) по кој беа формирани цените, се вели во образложението од Регулаторната комисија за енергетика.
|