30.12.2011, 11:31 Планот на Ахтисари единствено решение за Косово
Претседателката на Косово, Атифете Јахјага смета дека единствено решение за северот на Косово е планот на Марти Ахтисари, потсетувајќи при тоа дека Косово веќе го признале 85 држави и оти неговиот суверенитет е недопирлив.
Во интервју за радио телевизија Косово, таа ветила дека веднаш по новогодишните празници ќе почне формирањето на антикорупцискиот совет, што го ветила пред да отпатува за САД.
- Ова тело ќе има за цел раст на ефикасноста во борбата против корупцијата и организиараниот криминал, изјавила Јахјага, додавајќи дека неговото формирање е нејзино уставно и законско право и оти ветила дека ќе биде многу посветена тоа да има успешна работа.
Годинава која изминува таа ја оценила како година на големи успеси и предизвици за Косово. Посетата на САД, според неа, ја зајакнала тесната соработка меѓу двете земји.
|