Околу осум милиони луѓе денеска добија електронска порака од „Њујорк тајмс“ нудејќи специјален попуст ако ја повлечат одлуката да ја откажат претплатата. Проблемот е во тоа што понудата требаше да биде испратена до само околу 300 лица кои одлучиле да го откажат доставувањето на весникот на домашна адреса – но по грешка од страна на вработен во „Њујорк тајмс“ е испратена до повеќе од осум милиони луѓе на имејл маркетинг-листата. Случајот предизвика загриженост дека хакери би можеле да упаднат во компјутерската мрежа на весникот и да испратат несоодветни комерцијални пораки.