29.12.2011, 14:29 Тенко обвинението за Манинг
На обвинителството може да му биде особено тешко да докаже дека 24-годишниот Менинг имал намера да обезбеди информација за непријателите на САД, како што е Ал Каеда, и дека информациите им биле од корист, посочија правни експерти.
Менинг се соочува со 22 обвиненија за учество во најголемото протекување на доверливи владини документи во историјата, кои ги објави „Викиликс“.
Ако биде прогласен за виновен по сите обвиненија, Менинг би се соочил со максимална казна доживотен затвор, деградирање до најнизок ранг, губење на сите плати и надоместоци и исфрлање од војска, соопштија од армијата. Обвинението за помагање на непријателот е најголем престап, но армијата посочи дека нема да бара смртна казна.
|