04.01.2012, 11:28 Нимиц закажа нови разговори за името
Македонскиот амбасадор, Зоран Јолевски, и грчкиот, Адамантиос Василакис, на 16 и 17 овој месец ќе имаат одделни средби со Метју Нимиц, специјалниот посредник на Обединетите Нации во решавањето на спорот со името помеѓу Македонија и Грција.
Како што соопштија од службата за известување од ОН, двајцата амбасадори ја прифатиле поканата за средба што им ја испратил Нимиц.
Во соопштението се истакнува дека Амбасадорот Нимиц првично ќе се сретне поединечно со секој од претставниците и оти ќе се обиде да изнајде заеднички прифатлив пристап да им се даде нов импулс на разговорите и да се направи значаен прогрес кон решавање на спророт со името.
|