01.01.2012, 12:33 Ирска од денеска една година ќе претседава со ОБСЕ
Ирска денеска го презема од Литванија едногодишното претседавањето со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
ОБСЕ има 56 земји членки и се занимава со прашања за зачувување на мирот, набљудување на избори, па се до контрола на вооружувањето и заштита на слободата на медиумите и животната средина.
Ирска своето претседавање планира да го искористи за зајакнување на заштитата на слободата на медиумите, а посебно внимание планира да и посвети на улогата на Интернетот, кој беше важен за „Арапската пролет“.
Исто така, Ирска планира да го искористи своето искуство од мировниот процес со Северна Ирска во решавањето на замрзнатите конфликти во регионите на Грузија, Молдавија и Азербејџан, како и да ги поттикне меѓународните напори во борбата против организираниот криминал и корупцијата.
- Претседавањето со ОБСЕ доаѓа пред претседавањето со ЕУ, така што следните две години ќе бидат многу важни за Ирска, изјави шефот на ирската дипломатија Имон Гилмор.
Според најавите, Ирска планира да организира конференции за слободата на медиум��те и решавање на конфликтите.
|