20.01.2012, 14:34 Две бомби експлодирале во двор во Сингелиќ
Две експлозивни направи експлодирале ноќеска во двор во скопското село Сингелиќ, известува денеска полицијата.
Бомбите, најверојатно рачни гранати, биле фрлени во дворот од куќата на дваесет и шестгодишниот М.А. околу пет минути пред четири часот ноќеска. При експлозијата, за среќа, нема повредени, но оштетени се два автомобила “голф“ кои биле паркирани во дворот.
Полицијата засега нема информации за тоа кој ги фрлил бомби, ниту пак за причините. По увидот на местото, примероци од бомбите се земени за вештачање.
|