16.01.2012, 16:04 Отруена 18-годишна девојка од Неготино
Осумнаесет годишна девојка починала во болница, најверојатно од труење. Случајот во полиција го пријавиле од Здравствениот дом во Неготино, каде во била донесена 18-годишничката од селото Тремник. Девојчето кое било во бессознание, го донеле нејзините родители.
Таа поради сериозната здравствена состојба во која била, веднаш со возило на итна помош била пренесена во Ургентниот центар во Скопје, каде починала на Клиниката за токсикологија.
„Разговарано е со нејзините другарки, како и со родителите, а пронајдено е и шише со течност кое ќе биде предадено на анализи и вештачење“, вели портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска. Бидејќи семејството не побарало обдукција за утврдување на причините за смртта, по наредба на истражен судија и јавен обвинител телото на починатата девојка е предадено на родителите. (Х.Р.)
|