16.01.2012, 15:23 Повторно се бара партиципација кај матичен лекар од 50 денари
Дали пациентите ќе се простат од бесплатното здравство? Матичните лекари повторно бараат за преглед кај нив да се наплаќа партиципација од 50 денари. Оваа сума на партиципација, според иницијативата на Здружението на матичните лекари се бара да важи без разлика дали пациентот дошол на преглед, или, пак само по рецепти. Доколку, пак болниот треба да прима некоја терапија или инјекција, партиципацијата ќе биде поголема и од 50 денари. Воведување на партиципација во примарното здравство, во сабота е на дневен ред на седницата на Управен одбор на Фондот за здравствено осигурување.
Да се наплаќа партиципацијата во примарните амбуланти, матичните лекари бараат бидејќи со сегашаната капитација ординациите од примарното здравство финаниски не можат да опстанат, а проблеми им создава и нередовната исплата на парите за капитација од Фондот за здравствено осигурување.
|