Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
17.01.2012, 18:29

Мое ќоше

Навиваме за Македонија

Ерол Ризаов

Во лигата на големите секој пораз не е пораз

Македонските спорт��сти ги кренаа стандардите за мерка на успехот. Ракометарите, кошаркарите, ватерполистите, каратистите, мајсторите на куглање се натпреваруваат со светската спортска елита. Рамноправно и без комплекси, без инфериорност делиме мегдан со најсилните во светот и во Европа. Не паѓаме во нокдаун и кога губиме, а станува нормално и не е никаква сензација да ги победиме и најдобрите. Самодовербата е рамносилна со знаењето и подготвеноста да се биде во друштво со кремот на светскиот спорт. Во такви натпревари секој пораз не е пораз. Напротив, респектот и почитта на противниците дека мора да дадат се' од себе ако сакаат да извлечат поволен резултат со Македонија е огромно признание. Македонија не е аутсајдер, бидејќи е во лигата на големите.

Сигурно забележувате колку е бесмислена онаа кратенка FYROM кога сме на врвот. Никој жив не ја употребува. Ниту спортистите, ниту спортските коментатори, ниту публиката. Напротив, веќе е познато дека тоа е навредлива референца за нашите спортисти и сите ја одбегнуваат како нешто што е производ на валкана политика, ирационален ултиматум, демонстрација на сила и моќ што е туѓо на спортот и витешкиот натпревар. Забележлива е и непријатноста на организаторите на големите натпревари кога се принудени да ја истакнат кратенката на земја што не постои.

Можно ли е и во политиката да се постигне нешто слично. Апсолутно да. Успехот на една нација на светската сцена е клучна мерка за почит и респект, без оглед што пишува во документи на политичката бирократија. За тоа веќе има повеќе несоборливи докази. Признавањето од над 130 земји со уставното име, вклучувајќи ги и најголемите сили, јасно кажува дека светот знае на чија страна е правдата. Се знае на чија страна е и правото. Кандидатскиот статус веќе шест години за рамноправно членство во ЕУ и тригодишната препорака за почнување на преговорите, исто така, кажуваат за притисокот на кои се изложени сите што ја гледаат неправдата кон граѓаните на Македонија. Многумина неволно и од тесни протекционистички побуди учествуваат во блокирање на една европска држава кон просперитет и демократија. Пресудата на Хашкиот суд за правда го осудува спречувањето на Македонија, со кратенката FYROM, да биде дел од двете за нас најзначајни и најприоритетни алијанси - НАТО и ЕУ за кои, за жал, или за среќа, немаме алтернативи.

И што сега. Има ли решение. Се разбира, има. Патот на победата и на успехот ни го покажуваат нашите спортисти. Европа може да се победи во рамноправно одмерување на силите ако истрчаме на теренот. И ако загубиме по некој натпревар, нема да биде крај на светот. Важно е да бидеме во друштво на елитата, на најсилните играчи и клубови и во најсилната лига. Ако останеме во балканскиот потсојуз на аутсајдерите каде што судат пристрасни судии кои никој не ги контролира, ќе ги губиме сите натпревари без оглед колку добро играме. Таму се игра премногу грубо и не се почитуваат правилата. Затоа единствена шанса е да се квалификуваме за европската лига, дури и со името Поранешна Југословенска Република Македонија и да ги покажеме нашите квалитети пред светската јавност. По првите победи ќе се свиткаат многу опашки и Македонија ќе си остане Македонија. Ниту еден Македонец нема да си го смени националниот идентитет, името или јазикот. Напротив, тие ќе јакнат, особено ако продолжат негациите. Историски докажано. Срамната епизода со името на Р. Македонија, со срамното игнорирање на правото на самоопределување, кои се непобитни факти, како што се непобитни неколку милиони живи луѓе низ светот кои се чувствуваат Македонци и зборуваат македонски јазик, брзо ќе заврши со извинување до граѓаните на Македонија, токму од оние што ги воспоставиле со многу пролеана крв тие светски стандарди. Тоа ќе се случи по првите наши значајни победи во Европската лига. Нема друг начин да се докаже бесмисленоста на наметнатиот проблем отколку да се влезе во европскиот ринг. Таму ќе се боксираме, според европски правила. Ќе примаме, ама и ќе задаваме удари. Така одредил суровиот свет на интересите и политиката. Секое молење, лелекање, плачење и удирање в гради со локален патриотизам, само за дома, е аут. И во спортот и во политиката тоа се вика страв и кукавичлук.


Статијата е прочитана 3655 пати.

Испрати коментар



И уште нешто
Регулаторите кокетираат со „Топлификација“
Странските дописници под контрола
Нимиц доаѓа во регионот по двегодишна пауза
Скромни резултати од серијалот во Њујорк
Денот на албанското знаме - уште еден празник?
Функционерите чекаат повисоки плати



nato-jato, 18.01.2012 08:31:08
Tocno e se napisano.Vcera gledav vaterpolo so Grcija -izgubivme no interesno bese sto i na ekranite ina kapite na sportistite stoese MKD. Znaci koga si voist bazen so niv-ramnopraven se e poinaku. Naravoucenie se dodeka sme nadvor od bazenot (NATO-EU) kje ne sikaniraat .
od koj raboti i ima, 18.01.2012 08:48:07
Za vreme na sds opste ne nemase vo sportot oti nisto ne investiraa i pak e Grujo e kriv koj raboti i ima................
milan, 18.01.2012 09:03:09
G-dine Erol drago mi e koga se igra evropskoto prvenstvo vo rakomet da vlecete edna paralela pomegu sportot i politikata i pritoa gi istaknuvate nasite uspesi.Po se izgleda lesno pominuvame so protivnickite ekipi ama totalno gi gubime site natprevari so domasnite oligarsi tajkuni rusvetari i podmituvaci.Tie imat sekogas igrac poveke a toa e ovaa korumpirana vlast. Da ve podsetam -utrinski vesnik ni ostana dolzen edno objasnuvanje.Ne razjasni koj politicari primile rusvet od M.telekom i D.telekom bidejki veti deka rabotata ke ja istrazi do kraj.No sekoe cudo do 3 dena brzo ja pustija vo optek fasadata i odat na zabosotuvanje na toa.No na g-dinot Mulickovski bi mu poracal da se bori do kraj isto kako i nasite sportisti pa pravdata mora da pobedi a vie od mediumite da mu pomognete prezentirajki ja vistinata.Kako narod da ne se nadevame deka nekoj obvinitel toa ke go pokrene bez naredba od negoviot lider. POZDRAV.
Горан - М. Каменица, 18.01.2012 09:22:04
И што кажа сега ти Ероле т.е што сакаше да кажеш.Запамти една работа:оној кој што ќе се обиде да го смени името на оваа држава ќе го снема за 24 часа,ама и друго запомти,тие кои пишуваат и не убедуваат да го смениме името уште многу кратко ќе се чуствуваат сигурни и безбедни во оваа држава.Доста време овој народ е заложник на т.н новинари и експерти. ПС На секој кој мисли дека оваа држава не е местото за негово живеење слободно нека се исели,и никогаш повеќе да не се враќа за да не го снајде нешто лошо.
Jordan, 18.01.2012 10:51:23
Kaj mozes ti da navivas za Makedonija!Ne si dostoen za Makedonija!Mnogu steta nanese ti i tvojot b.c.!Ednostavno sokrij se negde ne izleguvaj neznam odi negde ... dzenem ne se vrakaj koga ke odis!!!
B. Betinski, 18.01.2012 10:59:16
Pocituvan g. Rizaov, mozebi nema da mi zemete za kusur ako si dopustam da potsetam na slednovo: vo strukturata na licnosta na prvo mesto e personalniot identitet (moze da se smeni po 40 generacii zatoa sto se prenesuva po vertikala); na vtoro mesto e profesionalniot (ako imame 35% lugje bez rabota, toa znaci deka imate tolku so defekten identitet - osakateni), a na treto mesto e nacionalniot, apstrakta i menliva kategorija: zatoa ima tolku mnogu koi lesno stanuvaat Bugari zaradi pasosi. Pa seaga procenete sami: opstoto ludilo so nacionalniot identitet e samo paravan da se skrijat prvite dve raboti koi vo koren ja zagrozuvaat nacijata. Toa sto ne vazi za sportistite, zboruva samo kolku se povazni personalniot i profesionalen identitet od nacionalniot so koj tolku brutalno manipulira vlasta.
Vlatko, 18.01.2012 12:41:10
Vcera bev na utakmica MKD-GRE vo Ajndhoven. Na pochetokot komentatorot vo salata morashe da go iskrshi jazikot i da go izgovori celoto Former Yugoslav..., no koga pochna utakmicata pa se do kraj, komentatorot kazzuvashe Macedonia i na Holandski Macedonie. Na web sajtot of EC waterpolo 100% se koristi imeto Macedonia. Nashite vaterpolisti nosea banjarki na koj jasno pishuvashe Macedonia, a na kupachite i kapite: MKD, nikoj od Grchkiot tim ne se buneshe.
До Горан-М.Каменица и Јордан, 18.01.2012 12:48:28
Очигледно и Горан од М. Каменица и Јордан не го разбрале тектот и пораката на Ерол. Па не ме ни чуди што напишале, бидејќи за да можат да го разберат текстот им треба поголемо ниво на интелегенција кое за жал очигледно го немаат и двајцата. Потребно е да се чита внимателно и да се размислува малце со мозокот додека се чита. Ерол прави паралела и праќа порака со овој текст дека само успесите на државата и економијата, владеењето на правото можат да не однесат во ЕУ и НАТО како што тоа го прават спортистите со своите успеси и фер игра.. А не со купување античка историја и градење и фрлање државни пари за споменици роко коко на око и бароко.. Како што напиша Ерол, Во лигата на големите секој пораз не е пораз.. Додека таквите како вас Горан од М.Каменица и Јордан секогаш ќе играат во малите лиги.. и секогаш во немање на аргументи ќе се закануваат и искажуваат колку се написмени и необразовани.. За жал така е.. Ко прживи причаче...
Do klosarot od M.Kamenica, 18.01.2012 12:57:48
Ti be se zakanuvas i i na drugi mesta, ama na plusinfo Gerovski ti gi napolni gakjite! Zakani za bezbednosta na lugeto e krivicno delo, zatoa zatni ja muckata so vreme!
seirdzija, 18.01.2012 13:07:16
Namerno docnam so komentarot,oti sramezlivite voski tropaat se povece nevistini i gluposti,a pravilo na Vesnikot e da ima samo po eden komentar.KOJ RABOTI I IMA treba da znae deka Makedonija ima klupski evropski sampion vo rakomet,od onoj istiot covek na koj mu ja stopira gradba Gwujo.Da rabotis u nekoj magacin nitu e rabota nitu 200 evrici se nekoe IMANJE!!A veruvam deka ti i za mnogu pomalku bi bil istiot patriot,tolku ti sece akalot.Za ovoj vtoriot veruvam deka vo M.Kamenica ima i pametni ludje pa rasprasaj se sto toa saka da kaze pisatelot,ne se glupiraj po novini....koj i kade rekol,kazal deka Makedonija treba da go smeni imeto???Dali znaes sto e pridavka???Eve ti davam moznost da izberes pomedju Goran Glupaviot i Goran Pametniot...,mozebi ke razberes...
Alek, 18.01.2012 14:21:04
Nekoi komentatori (Jordan, Goran od MK i sl.), inache sram za makedonskiot narod, bi trebalo da go posetat najbliskiot psiholog i da se smestat vo Bardovci, a drzavata da prevzeme itni mnerki za suzbivanje na nacionalizmot. Ovaka povece ne moze. Gospodine Gruevski ne gi ucutkujte instituciite za reakcija na ovakvi i slichni pojavi. Nacionalizmot nikomu ne e donel dobro, pa nema ni vam, ma kolku vi momentno prijalo. Vreme e za akcija. Na Erol mu predlagam da se kandidira na predstojnite predsedatelski izbori, bidejci ima kapacitet i minat trud za toa, a tokmu nie makedoncite ce go izbereme. Pozdrav!
do Betinski, 18.01.2012 17:04:07
Vo svetot na povekje mesta povazno e etnickoto od personalnoto i profesionalnoto.Osobeno vo Makedonija mora da bide povazno etnickoto zaradi nasta borba za odbrana na imeto i identitetot.
Baltazar, 18.01.2012 17:07:13
Sigurno se ima za potreba uste da se zacementira custvoto za pripadnosta (so ova identitetot nema vrska),koga vaka seuste ne drzat so privremenava.Koga dobro ke se pastira vo lugeto,nikakva privremena veke ne ni moze nisto.Nekogas i prijatelite koristat cudni i epten sofisticirani metodi.Nase e samo da odbereme,koj pat vodi za Mariovo.Momentalno sme epten kako da sme nie vo nego.
milco, 18.01.2012 18:21:43
za alek i drugiot koj gi komentiraat komentarot od m.kamenica. Prvo i najstaro demokratsko pravo e pravoto na sopstveno razmisluvane. Jas ne se slozuvam so takvite komentari i nema da go pocituvam nivnoto mislene-ednostavno go otfrlam bez da go navredam ili omlovazam- toa e negovo mislene a od dostojnite komentari smetam deka i samiot ke go smeni misleneto ike nauci (so prepukuvane do nikade nema da stigneme) a ako go ostavime sam da uvidi na greskata sigurno ke nauci nesto) kako i drugite koj se odalecuvaat od temata i kazuvaat drugi raboti.Vaka seriozna tema netreba da se mesa gluposti.poz milko
do Jordan, 18.01.2012 23:54:05
A bre Jordane Piperkata. Ti da si na zapad za ovie iskazani zborovi ne ti gine 20 godini robja. Ama kaj nas za ovie zborovi mozes da dostignes do ambasadorsko mesto.
Do Горан - М. Каменица, 19.01.2012 03:51:27
Pretpostavuvam deka tvojot komentar go pišuvaš so vistinski dobri nameri i patriotski čuvstva kon Makedonija. No mislam deka voopšto ne e dobro Makedoncite megu sebe da se raskaraat. Ako gi teraš svoite braka Makedonci nadvor od državata, togaš ke ti ostanat samo drugite braka koi ke gi ima vo mnogu pogolem broj i toa e najbrziot pat za propaganje na Makedonija. (Dodeka dvajca se karaat, tretiot koristi.) Zatoa možebi e podobro da najdeš način da objasniš, kažeš svoe mislenje za temata, argumenti, i da ja ostaviš omrazata na strana.
Pane, 19.01.2012 08:46:07
Почитуван г-дин Ризаов, во индиските серии се користи термин,,емотивна будала“ за луѓе наивни, па аналогно на тоа ако се погледа европа, таа е полна со емотивни будали, кога дозволуваат грција да си поигрува со нив, кога Пангалос отворено говори дека заедно со народот ги изеле европските пари, па така емотивните будали отпишаа 100милијарди евра. Во правосте треба да се бориме со емотивните будали од европа и со упорноствистината ќе излезе кога тогаш.130земји не се емоти��ни будали што не признаа, но има политичари што и кај нив фаќат погрешна страна.
Предлог, 19.01.2012 09:29:09
Имам предлог пред да се објави некој коментар, да се даде да се реши некој тест на интелигенција.Тогаш би немало коментатори како оној Горан од М. Каменица,кој самиот има признаено дека се удирал во главата или кутриот Јордан , кој под итно треба да се смести во соодветна установа. Браво за Ерол.
trajce, 19.01.2012 22:36:03
Bravo za rakometarite, ocekuvam i tie kako i kosarkarite dostoinstveno i so krenata glava da pominat niz triumfalnata porta koja Vie tolku zolcno ja kritikuvavte. MA-KE-DO-NI-JA!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Вторник
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 5°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |