15.04.2012, 15:57 (ФОТО) Почна изградбата на нов православен храм во Струмица
Митрополитот струмички Наум и градоначалникот на Струмица, Зоран Заев денеска со повторно осветување на темелите и поставување камени плочи го означија почетокот на изградбата на најголемиот православен храм во Македонија, Успение на Пресвета Богородица. Изградбата на црквата почна пред 18 години, но поради немање доволно средства беа подигнати само темелите.
Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, кој е иницијатор на завршувањето на изградбата на црквата во центарот на градот, најавува дека идниот Велигден црквата ќе биде подигната во карабина фаза, а потоа ќе почне и внатрешното уредување.
„Идниот понеделник на 23 април ќе почне и физичката изградба на црквата. Ги повикувам сите граѓани во рамките на своите можности да помогнат во изградбата, а поголем дел од средствата за почнување на изгра��бата се обезбедени од бизнис заедницата на Струмица“, рече Заев.
Соборниот храм ќе биде висок педесет и четири метри и прикажува трикорабна базилика со впишан крст, со петкуполен свод и два странични прилепени параклиси. Ќе биде најголем православен храм во Македонија и пошироко на балканските простори. (С.Т.)
|