Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
14.04.2012, 17:30

Европратеничката Фајон со остра осуда на убиствaта

„Ваквите убиства и етнички конфликти се неприфатливи и се против европските вредности“, вели членот на делегацијата на Европскиот парламент за Југоисточна Европа

Словенечката европратеничка Тања Фајон, член на делегацијата на Европскиот парламент за Југоисточна Европа и известувач за визната либеразлизација за земјите од Западен Балкан, најостро го осуди грозоморното убиство кај скопско Смиљковци.

„Длабоко жалам за бруталното убиство на петте лица во близната на Скопје и им испраќам најдлабоко сочувство на семејствата и пријателите на жртвите“, пишува Тања Фајон во соопшението до медиумите како рекакција на настаните во Македонија.

Таа ги повикува граѓаните да останат смирени и да се воздржат од понатамошни инциденти.

„Тоа е многу важно, исто како што е важно да се најдат сторителите на убиствата и да се делува смирено и мудро“, по��очува словенечката европратеничка, додавајќи: „Апелирам до властите во Скопје да направат се' што е во нивна моќ за да се осигура безбедната средина за сите граѓани на нивната земја и за да се врати веднаш мирот во земјата“.

„Ваквите убиства и етнички конфликти се неприфатливи и се против европските вредности – почитувањето на демократијата, владеењето на правото и почитување на малцинствата. Охридскиот договор е од витално значење за Македонците на патот кон ЕУ. Секое понатамошно етничко насилство сериозно ќе го загрози тој пат и слободата на движење, кое граѓаните на Македонија и Албанија го уживаат од укинување на визите за патување во земјите од шенгенскиот простор“, нагласува словечката европартеничка Тања Фајон.

Турската амбасада изрази жалење поради убиството кај Смиљковци

Амбасадата на Република Турција во Македонија преку соопштение изрази жалење поради убиството на петте лица крај Железарското езеро, во близина на скопското село Смиљковци.

„На блиските на загинатите во злосторството им изразуваме сочувство и посакуваме трпение. Наша желба е истрагата предводена од страна на македонските власти наскоро да даде резултат и случајот да се разјасни. Од друга страна посакуваме овој трагичен случај да не ги засени желбите на сите државјани на пријателска и братска Република Македонија во нивниот заенички соживот во мир и безбедност“, се наведува во соопштението од турската амбасада.

Во текот на вчерашниот ден реагираше и американската амбасада и делегацијата на ЕУ во Македонија, а денеска осуда за инцидентот и повик за смирување на страстите стаса и од седиштето на ОБСЕ.











Статијата е прочитана 1682 пати.

Испрати коментар



ЗНМ - Медиумите да не шпекулираат за петкратното убиство
Приведени 14 лица по протестите во Скопје
СДСМ - Брзо расчистување на убиството за да се спречи ескалација на состојбата
Филе - Политичарите да апелираат за мир и воздржаност
Јанкулоска - Истрагата оди во добра насока
Опозицијата му објави бојкот на Вељаноски
Од стан украден сеф со 25.000 евра
Се регулира патниот сообраќај меѓу Македонија и Чешка
Нечас - Евроинтеграцијата на Македонија е во интерес и на ЕУ и НАТО
Пијан човек турнал од тераса двајца полицајци
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Стефановиќ - Белград подготвен да го продолжи дијалогот
Брејвик - Повторно би го направил масакрот
Македонија и Чешка ја интензивираат економската соработка
Панета - Со нетрпение ја очекуваме Македонија во НАТО
Една жртва при уривање на солитер во изградба во Москва
Асошиејтед прес доби Пулицерова награда
Силен земјотрес во Чиле
Чешкиот премиер Нечас во посета на Македонија
Повредени лица и оштетени објекти во протестот за петкратното убиство
Џим Јонг Ким избран за претседател на Светска банка
Протест во Скопје поради петкратното убиство
Македонец убиен во Австралија
Сомнителниот „опел“ бил на местото на злосторството
Саркози заостанува во однос на Оланд
Син со нож усмрти татко
„Детонаторот“ во Тетово одзеде 49 покер апарати
Светска банка денеска избира нов претседател
Предупредувања за тројца полицајци
Србите сметаат дека косовската полиција ја нарушува безбедноста
Пациентите онлајн ќе ги изнесуваат проблемите
Брејвик не го признава норвешкиот суд за легитимен
Завршија судирите во Кабул, вкупно 47 лица загинаа
Жртвите кај Смиљковци починале од огнострелните рани
Јанкулоска - Пронајдено возило кое било на местото на убиството
Правдата ќе ги стигне убијците, порачаа Иванов и Груевски
Православните верници го слават Велигден
Иванов - Велигден е празник на победата над насилството
Јеремиќ - Случувањата во Македонија се опасен тренд
НДП - Убиството да не се третира како случај од етничка природа
(ФОТО) Погребани телата на убиените момчиња
Жртвите кај Смиљковци убиени со три типа оружје
ОБСЕ со повик за брза истрага и воздржаност
Велика Сабота - ден пред воскресението христово



жижек, 14.04.2012 18:14:07
оваа не жали за ништо друго, освен за тоа што ни ги укинаа визите
Makedonec od Holandija, 14.04.2012 18:16:04
Pocituvana G-gja Fajon, Vi blagodarime na Vasata poddrska, so edna zabaelska. Imeno, spored obduciskiot izvestaj na decata im e pukano od neposredna blizina. Toa vo Evropa kade jas ziveam se vika EGZEKUCIJA. P.S. Utrinski ve molam ne go otstranuvajte komentatort.
Mene, 14.04.2012 23:27:34
So dolzna pocit, izjavata e vo najmala raka neumesna i navreduvacka za sekoj koj ima barem povisok IQ od broj na cevli. Na sto se temeli povrzuvanjeto na etnickite konflikti so brutalnoto povekeratno ubistvo koe e kaznivo delo soglasno pozitivnoto pravo na RM? Dotolku poveke, kakva vrska ima sproveduvanjeto na Ohridskiot ramkoven dogovor so ubistvoto? Pa ORD e instrumennt za zastita na malcinskite prava, no ne i dokument koj go derogira Kazneniot zakon na RM. Zosto bi se povikuval nekoj na ORD namesto na KZM? Na krajot od kraistata, storitelite seuste ne se pronajdeni. Kako bi mozele da znaete deka voopsto stanuva zbor za pripadnici na malcinstvata? Dali mozebi nekoj znae nesto poveke od ostanatite? E tokmu vakvite izjavi sozdavaat nemir, nedoverba i predrasudi kaj gragjanite!
Dragan, 15.04.2012 06:54:58
Ne ne treba od vas nikakvo sochuvstvo. Racete na Evropa, NATO i USA se do ramenja vo nevina hristijanska krv. Ne ni treba nisto od vas! Cuvajte si ja retorikata za vasiot electorat. Makedonija sekojdnevno go dava najdragocenoto... Greota za tie mladi zivoti...
wd40, 16.04.2012 10:49:00
A dali spored EVROPSKITE VREDNOSTI na cel NAROD mu se negira pravoto na sopstveno ime i drzava....Makedonija ima USTAV a ne RD ili nekoj mambodjambo dokument.....Evropski Vrednosti BLJAK

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Обилни врнежи

Среда
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |