17.04.2012, 12:31 Транссексуалците можат да учествуваат на мис универзум
Џена Талакова ги менува условите за учество на изборот за мис универзум
Иако досега само жени можеа да учествуваат на изборот, отсега тоа им е дозволено и на трансродните жени. Адвокатите веќе работат на промена на правилата, кои потоа треба да ги одобри Доналд Трамп и Ен-Би-Си. Овие вести стигнуваат една недела откако организаторите и' забранија на Џена да се натпреварува за мис универзум на Канада, зашто имал операција за промена на полот.
Откако ја одбиле, организацијата ГЛААД ги замолила организаторите на изборот за мис универзум повторно да размислат за случајот. „Нашата одлука трансродните жени да се придружат на изборот ги должиме на долгите расправи со ГЛААД. Во нашата традиција е да ја почитуваме еднаквоста и ова е нешто што го земаме многу сериозно“, изјавила Пола Шугарт, претседателка на организацијата за избор на мис универзум.
„Би требало на сите да им биде дозволено да учествуваат во сите аспекти на општествениот живот. Ова е многу добра вест“, рекла Мара Кислинг, директорка на Американскиот центар за еднаквост меѓу родовите. Некои сметаат дека на оваа одлука треба да се гледа од повеќе аспекти и да се размисли колку изборите за убавина, всушност, им помагаат на жените да се чувствуваат помоќно и посамосвесно.
За потсетување, Џена беше исфрлена од натпреварувањето зашто имала операција на полот пред четири години. „Само сакав да се натпреварувам. Ја сум жена. Не сакав никаков специјален третман, само сакав да ми дадат прилика да се натпреварувам“, рекла тогаш Џена.
|