17.04.2012, 17:23 Нови закани: пропаганда или провокации. МВР засилено работи на истрагата
Безбедносниот амбиент во земјава нарушен од анонимни испраќачи на заканувачки пораки
Гордана Дувњак
Петкратното убиство кај скопското село Смиљковци и насилствата предизвикани како реакција на овој трагичен настан, во голема мера ја дестабилизираат земјата и ги нарушуваат меѓуетничките односи, оценуваат експертите. Дел од одговорноста тие ја лоцираат и во политиката што ја води владејачката партија и бараат од надлежните максимално да се ангажираат во разрешување на овој случај, за да не излезат работите од контрола.
Вчера, со ултиматум до Владата се јави извесна „Армија за ослободување на окупираните албански земји“, која директно се закани до премиерот Никола Груевски да се повлече од „окупираните и колонизирани албански земји“, инаку ќе ги нападнеле „славомакедонските полициски и воени структури“.
На ваквата провокација, македонските надлежни органи се' уште молчат. Иако министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на вчерашната прес-конференција одржана во МВР неколкупати беше запрашана за писмото и ултиматумот, сепак, не даде коментар.
„Не коментирам се' додека не видиме колкав е кредибилитетот на изворот, а не сме ја виделе ниту содржината на писмото и неговата веродостојност“, изјави Јанкулоска.
Поранешниот министер за полиција и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој е дел од владината коалиција, вчера масакрот го оквалификува како „класичен терористички акт“. Тој смета дека овој настан може да има тешки последици по мирот и стабилноста во државата, па дури дека е потежок и со посериозни последици од обидот за атентат на претседателот Киро Глигоров.
За професорот Љубомир Д. Фрчкоски, бивш шеф на полицијата, убиството на петтемина млади луѓе во околината на Радишани е убиство-провокација.
Тој во својата последна колумна ќе напише: „Ова е најголемиот, огромен, гигантски грев на владеењето на ДПМНЕ во Македонија - да ја доведат земјата до работ на структурна меѓуетничка нестабилност и повторно да изложат се' на ризик“.
Професорката од Факултетот за безбедност, Фросина Ремински-Ташевска, смета дека станува збор за исклучително ризична безбедносна состојба од аспект на провоцирање на внатрешни меѓуетнички тензии кои можат да резултираат со политичка криза.
„Во моментов е потребна голема политичка и граѓанска зрелост и присебност, за непотпаѓање под влијанија кои имаат за цел радикализација на состојбите на меѓуетнички план. Институциите треба да дадат одговор за сторителите и мотивите за преткратното убиство и треба да ги оставиме да го направат тоа“, оценува професорката.
Според неа, најголемата одговорност имаат политичките партии кои треба да влијаат на своето членство и своите симпатизери за неутрализирање на негативниот набој што се генерираше деновиве.
„Политиката што ја води Владата на Груевски се гради на националистичка и конзервативна платформа, што произведува тензични ситуации и нервоза во едно мултиетничко општество како нашето“, заклучува политичкиот аналитичар и долгогодишен пратеник, Исмет Рамадани.
Неговите претпоставки одат во насока на тоа дека последните настани се резултат на, како што вели, надворешни служби кои не сакаат стабилна Македонија, но и пошироко - стабилен Балкан. На инсистирањето да прецизира на кои служби конкретно мисли, Рамадани посочува: „српски“. Тој не верува дека истрагата ќе даде некакви резултати, бидејќи, како што вели, убиствата се изведени многу свирепо, туку и крајно професионално.
Се обидува ли некој да го репризира истото сценарио од 2001?
Според албански портали, генералштабот на организацијата „Армија за ослободување на окупираните албански земји“, која упати ултиматум до владата на Груевски, одржала состанок во Митровица по што ја издала следната закана: „Ја предупредуваме просрпската влада на Никола Груевски, дека има рок од две недели да се повлече од окупираните албански земји, инаку ќе има напади кон славомакедонските полициски и воени структури. Владата на Груевски распределува антиалбанска идеологија и инсценира напади кон невини Албанци. Се блокираат повеќе албански села од страна на славомакедонците и никој од корумпираните политичари во етничката Албанија не реагира, затоа што сите се продадени души и предавници на татковината“ – пишува во соопштението.
Организацијата во исто време ��патува и ултиматум до косовската влада да ја среди состојбата на северот од Косово, но ултиматум е упатен и до грчката влада да не си игра со статусот на Чамите, односно албанското малцинство во Епир. Ова не е прво соопштение на оваа организација. И во јануари имало упатено идентично соопштение до грчките власти, кое тогаш наишло на голем одек во грчките медиуми, кои пишуваа дека станува збор за наводно добро организирана екстремистичка група, предводена од извесен Хуштрим од Митровица и дека за неа се заинтересирала и Европа. |
|
Статијата е прочитана 11164 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 18.04.2012 00:14:29 | Ova sto ni se slucuva denes e scenario koe e poznato od poodamna. Problemot e sto za Makedonija postojat poveke*scenarija*, pa zavisi koe koga ke se aktivira i so koj intenzitet. Ova segasnovo e najsilnoto dosega koe ne stava na pola cekor od ambisot vo koj ovaa drzava, kako trgnala, eden den ke padne. Koj ke bide *sreknikot* koj ke ja turne, ke vidime, a kandidati ime eden kup. Golema Albanija, Golema Srbija, Bugarski interesi i apetiti, Grcki interesi, domasni oligarhisko-kriminalni strukturi spremni da se prodadat na bilo koj, a za vozvrat da ne im se sluci Sanader. Site ovie se zainteresirani Makedonija da ja snema, a i svetskata geostrateska situacija se menuva, pa i golemite sili (Rusija-USA) pocnuvaat da si gi odmeruvaat silite na Balkanot. Posle Syria i planovite okolu Iran, Balkanot sigurno ke pretrpi rekonponiranje.Od cel Balkan, Makedonija e najnespremna i vo najlosa pozicija. Slaba, prezadolzena, nesposobna da opstane bez krediti/pomos. |
| xdcfghyuio, 18.04.2012 00:39:11 | Ako ne se lazam i albanskiot pretsedatel izjavi deka se zalaga za pocituvanje na granicite. Inaku spored postojnata regionalna mapa se znae i gleda kade e albanija i deka granici so Srbija a ne so Kosmet koj nikade go nema i nema da go ima se dodeka toa ne go odobri i potpise Srbija i ne go potvrdat Rusija i Kina vo OON. Dokolku i i bidat otstapeni pretendiranite teritorii, t.n. AOOT ke mora samata etnicki da gi iscisti bidejki Makedonija i Srbija toa nema da go napravat. Od pomos mozat da im bidat svetski poznatite najgolemi specijalisti za etn.cistenje Anglija, SAD i Grcija.Konecno porakata kako reflektor go osvetluva masakarot bidejki upatuva na veke pretpostavenata vrska Kosmet i Daniel Server koj go najavi. Sto znaci cudoto vo Sv.Dimitrija ne bilo besmisleno tuku najava za masakrot i negovo rasvetluvanje. No iako malku se podzamisliv za prvo crvenata boja, ne ja desifrirav porakata. Kako i da e Makedonija poveke nema da bide ista i Alban. konecno ke bidat oslobodeni od hegemonijat |
| afrim, 18.04.2012 01:25:37 | ne mi e jasno zosto avtomatski se obvinuva eden narod (albancite) sto moze da dobie eden narod od ubistvo na nevini deca, zarem jas kako albanec bi podrzal takva organizacija koja kukavicki ubiva deca, ovoj masakar ima za cel da ja unisti makedonija i tie sto sozdavaat incidenti im pomogaat na ubijcite da go ostvarat nivniot plan |
| jimmy1, 18.04.2012 04:55:45 | Ovie pak po staro, pak negiraat isto kako i porano, nenaucija lekcija od 2001 god. Odkako ke pukne ke biode kasno, togas treba da se vojuva na dve vojni zarista, edno za cistenje na ovie vo vladata a drugoto za cistenje na teroristite. Teski da nee taka, ali koga se gleda sto se pravi vladata treba vednas da prevzeme merki za pogolemo obezbeduvanje na granicata so Kosovo a ne da bide slobodna zona. Site ovie incidenti vo poslednive nekolku meseci ukazuvaat na nesto, za zal tie imaat podrska od site albanski politicki partii. Sekogas za tie incidenti e frlaat vinata na nas makedoncite, ne se ograduvaat od niv, ili ako se pojavat da kazat 2-3 zbora se pojavuvaat posle 2-3 nedeli kolku kako moralnost sto se vo vladata. Deka sekogas gi branat svoite dokazuva i ovaj nekakovsi politicki analiticat Ramadani (koj od politika nema nikakva vrska), deka ubistvoto bilo od nadvoresni sili i toa srpski. Da bi imale nagrada za glupost na godinata siguren sum ke e dobie ovaj Ramadani za ovaa izjava. |
| Дамјан, 18.04.2012 07:39:17 | Фрлете пепел на заканите на тој штаб, составен од запаленковци со големоалбански фрустрации, но не заборавајте дека оваа власт водена од недозреани, криминализирани и коруптивни суштества, не вовлекува во зоната на сериозна криза, што може да резултира со меѓуетничка конфликтност и социјални немири. Да не дозволиме да не совлада логиката - спасувајте се кој како може, туку сите граѓани да застанеме во одбрана на она што е заеднички стекнато, за да не се разгроми хармонијата на соживот и да не се разнебити државата. |
| Istocna Makedonija, 18.04.2012 08:00:11 | Fatete gi i kaznete gi monstrumite-zlostorncite,
nemojte da ne optovaruvate sto prevzemate.Vo
kolku ne uspeete vo toa,odete si bez da Vi go odzemame mandatot koj NIE vi go dadovme!A,
Vie,analizirajte dali go zasluzuvate-zasluzivte! |
| Goran, 18.04.2012 08:22:01 | Ne e deka e se crno i belo,možebi se albanci a možebi i ne!No ako se ova što od predhodno nekoi albanski političari (od tuka,kosovo i albanija)go baraat od Makedonija a toa e Ilirida,Golemo Kosovo ili Golema Albanija,eve sega osloboduvanje na albanski teritorii treba vednaš nie Makedoncite da se zamislime i da vidime kako i što će planirame za vo idnina oti mesto za soživot očigledno nema.Togaš će treba da im gi postavime istite ultimatumi za osloboduvanje na makedonski teritorii i neka odat kade sakaat.Ohridskiot dogovor treba da se zaboravi a procentite da se proverat od koi familii poteknuvaat,od balisti,učk ili od pošteni familii,pa togaš da ostanat na rabota vo policija i vojska.Dosta se vrabotuvaat kriminalci vo vojnite i bezbednosni strukturi na državata a koi ne ja ni sakaat ni poštuvaat tuku zemaat plata za nejzino rasturanje. |
| Miki, 18.04.2012 08:25:55 | Eh Jovane, loso e kolku si vo pravo! Najstrasnoto e sto Antickive Foliranti tolku ne razdelija megju sebe - na komunjari i vmrovci, na patrioti i predavnici, na anticki i slovenski, na tie sto veruvaat vo nivnite cuda i razumnite - nema kraj! A sekoja teorija na politika znae deka Divide et Impera e najefikasniot no i najpogubniot nacin za vladeenje so eden narod..Gruevski i bratucedite mu mozebi so kupistata nakradeni pari i nekako ke se snajdat, no KADE KE ODIME NIE?????? |
| od ostrijot, 18.04.2012 08:54:04 | ovije ubijstva go razbudija nacijolizmot koj ima samo eden cil daja destabelizira drzavata a toa nee dobro za nikogo. |
| ФЕЛИКС, 18.04.2012 09:08:32 | Многу добар експерт и по право и по полициски работи.Нему му се случи атентатот на председателот кој вероватно по степен на гревот на неговото партиско опкружување е помалку важен од овој ,,гигантски грев на власта,,.Инаку во слободно време по прошетките на тв куќите кај западниот сосед е длабоко мислечки пропагатор на партиска федерализација на државата.Инаку секој кој не и мисли добро на РМ може да отвори портал на Фејсбук или друг портал и да изнатрупа се и сешто.И сега так нормално власта е виновна што не реагира на вакви вербални акробатики.Далеку поопасни се домашните квази експертите по ништо кој со години вербално гимнастицираат и ја загадуваат политичката сцена а поединци безрезервно им веруваат. |
| ance, 18.04.2012 10:52:21 | ne davam mislenje dodeka ne vidam kolkav e nivnio kredibilitet?pa da ti nacrtat?so meseci tepat starci ideca so zelzni shipki,ubija 5 nevini ludje i seuste cekas dokazi? |
| mkd, 18.04.2012 11:06:48 | Namesto da se cudime da se aktivira celiot potencijal na razuznuvackite i analitickite sluzbi,da se zatvorat divite premini spema Kosovo i Albanija pa ako treba i da se miniraat kako i da se ubacuvaat vonredni patroli od specijalnite edinici pokraj granicnata policija.Nie imame opasnost odnadvor potpomognata od jataci odvnatre. Dosta vladeackata partija da glumi politika i po etnicki kluc da deli odgovorni pozicii tuku da napravi radikalen rez i da stavi strucni ludje na klucni pozicii za da sistemot funkcionira. Ova ne e krajot no i ne e pocetokot. |
| makedonce, 18.04.2012 11:25:51 | komunisti i golemo albanci odetesi od kaj sto ste dojdeni ne palete ogon vo makedonija oti znaete kako pominavte vo 2001 samo slucajnost ve spasi od isceznuvanje makedoncite od antivcko do denes ne potkleknale pred nikogo pa ni pred vas.... |
| tihi, 18.04.2012 11:52:30 | Gledam deka mnogumina ja prizivaat 2001va. Ama zaboravaat deka togash imaa rabota so sharlatan za razlika od sega.I me interesira koja e razlikata vo motivot na ubijcite i zhelbata za destabilizacija na nekoi nashi spodobi. |
| Makedonec vo EU, 18.04.2012 12:06:24 | Neobrazovani i bezvredni lugje mozat da kjarat (pari, vlast) samo vo matno. Jasno e zosto sakaat destabilizacija. Se nadevam Makedonskiot narod nabrzo kje sfati deka nivnata mokj e proporcionalna so vnimanieto sto im se dava. A im se dava poprilicno... |
| Vasilevo / Strumica, 18.04.2012 12:47:01 | @afrim...100% agree!!! respekt za objektivnosta, ne sakam da polemiziram ts. generaliziram, no nazalost premalku se takvi kako tebe... |
| Соња, 18.04.2012 13:19:47 | Сметам дека сево ова се случува како резултат на само една работа, а тоа е Амнестијата на Хашките случаи. Со самата амнестија им се даде до знаење на граѓаните на Р. Македонија дека секој може да изврши меѓународно злосторство и аналогно на амнестијата на хашките случаи, да очекува да биде амнестиран.
Во општество каде за правда се смета она што ќе го каже Владата, а не она за што ќе отцени Судот, не може да се очекува да владее правото и правдата да биде задоволена. Може некој ќе рече дека многу песимистички од моја страна, но согледувајќи ја реалноста во Р. Македонија и не очекувам да се откријата вистинските извршители на овој „масакар“. |
| isus, 18.04.2012 14:52:13 | Za zal ovoj teroristicki akt nema da bide nikogas otkrien isto kako vo 2001 ,tajnite sluzbi vo okolina se posoficticirani od Makedonskata.Pozdrav od New york i socustvo na familijata za ovie nevini deca.
Pozdrav i do redakcijata from Albanian from New york |
| nekoj, 18.04.2012 16:43:21 | nie makedoncite sme meki ludje...ova erabota na teroristi site toa go znaeme a na teroristi se znae kade im e mestoto
|
| Citatel, 18.04.2012 16:43:57 | Treba da se koristi vistinskata terminologija: Ubistvto na pet nedolzni gragjani, civili, e Teroristicki Akt a storitelite osven kriminalci ( prekrsuvaci na zakonot ) se uste poveke i teroristi.
Ne e losho USA i NATO da spodelat informacii ( satelitski snimki ) koj ke pomognat vo porbata protiv terorizmot.
p.s. Teroristite ne se definirano so nacionalna ili verska pripadnost, tuku spored delata sto gi vrsat. |
| ez-mani, 18.04.2012 18:00:10 | narodod vo makedonija bilo makedoncite bilo albancite znaat mnogu dobro deka ovaa namerno go planirala nekoja organizacija so prodadeni dushi kon nekoji zemji koji bogadstvoto go steknale prodavajqi oruzhje i pravejqi naj crni drugi raboti samo tie da komanduvaat drugi narodi.pravite lugje nikogash ne qe potpadnaat na vakvite provokacii,a makedonskiot i albanskiot narod veqe znaat shto nekoj saka da im sprema,sega za sega ova vllast e odbrana od narodot i ima pravo so toa shto znae da ja vodi makedonija do svojot mandat,isto taka vo sllsdnite izbori na komu narodot qe mu go dodeli mandatot toj qe ja vodi makedonija,nemozhat stranski drzjhavi so vakvi provokaciji so pomosh na svojite kodoshi i teroristi prisillno da ja smenaat vllasta,zhivella makedonija so ramnopravni makedonci,allbanci isvite drugi narodi vo nea,a gospod da im plati na tie koji ne se zallagaat za sozhivot vrz ramnopravni osnovi.Gospod e so pravednite iso tie shto pravaat dobri della. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 28°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C
|
Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C
|
|
|
|
|
|