17.04.2012, 15:08 СДСМ: Брзо расчистување на убиството за да се спречи ескалација на состојбата
Предизвик за сите по петкратното убиство е да не дозволиме да се загрози духот на мирот, толеранцијата и здравиот разум врз кој се темели нашето општество. Единствен начин да се пребродат предизвиците е органите на прогонот да обезбедат брза и професионална истрага и злосторниците да бидат казнети, оцени денеска опозициската СДСМ.
Генералниот секретар на партијатаАндреј Петров на прес-конференција рече дека ситуацијата во која се најде Македонија по свирепото убиство на 5-мината невини луѓе на периферијата на Скопје претставува тест за сите, и за државата, и за општество. Државните органи овие денови треба да ја добијат шансата на сите граѓани, организации и институции на брз, професионален и ефикасен начин да ја спроведат истрагата докрај и сторителите да ги изведат пред лицето на правдата што поскоро, изјави Петров посочувајќи дека предизвик во ваква ситуација е да не дозволиме да се загрози духот на мирот, толеранцијата и здравиот разум врз кој се темели нашето општество.
- Ние сочувствуваме со револтот и болката на луѓето, но не смееме да дозволиме да се создаде атмосфера на меѓусебни поделби, обвинувања и осудувања. Затоа, единствениот начин да се пребродат овие предизвици е органите на прогонот да обезбедат брза и професионална истрага и злосторниците да бидат казнети. Дополнително, државните органи имаат обврска транспарентно да ја информираат јавноста и со тоа да ги намалат шпекулациите, рече Петров.
Тој смета дека претседателот на државата Ѓорѓе Иванов требало да свика седница на Советот за безбедност и да и се обрати на нацијата со пораки за смирување.
|
|
Статијата е прочитана 1436 пати.
|
Испрати коментар
|
|
srebre, 17.04.2012 16:21:44 | vmro nikogas nema da go rasvetli ovoj slucaj od pricina dui vednas ce izleze od koalicija,sto rasvetli vlasta ovie 2-3meseci so tepacki?od 100dusi fati 5-10 vednas gi pusti po reakcija na dui i dobija kazna opomena(po baranje od dui) |
| raste, 17.04.2012 16:51:59 | Kutite dodeka neve obvinile vas ,sto dirad lava dok spava sto bi rekle Bugarite . |
| pile, 17.04.2012 17:22:41 | Brzinata na postapuvanje na trojkata, ja vidovme vo izminative 6 godini na vladeenje, koga treba da gi diskreditira branitelite,nezakonski da gi rasporedi i da gi prinudi da vodat sudski postapki site koi ne se clenovi na partijata,a koga ke gi izostana zjiv. gubi sporovite da ne gi sproveduva sudskite odluki, kako i efikasnoto i brzo spravuvanje so politickiot protivnik Boskovski,poefikasno zdravje, ili brzo i efikasno spravuvanje so Velija Ramkovski, i zatvoranje na kritickata ,,A1 i vesnicite Spic,Vreme Koha er.Makedonskiot gragjanin ne smee nikogas da zaboravi, do kade go dovede DPMNE, samo zaradi vlast.Da se cuvstvuva osiromasen, pravno nesiguren bezperspektiven i nebezbeden.Nitu pomalku ne e isklucena vinata na site ostanati koalicioni partii vo vlasta.Pravdata e dostizjna nekoj rece,no ne so trojkata.
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 11°C
Претежно облачно
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 4°C
|
Четврток
Локални грмотевици
Макс: 20°C, Мин: 7°C
|
|
|
|
|
|