17.04.2012, 13:27 Џулијан Асанж со своја ТВ-емисија
Основачот на сајтот Викиликс, Џулијан Асанж ќе ја води емисијата „Светот утре“, која ќе се емитува на една руска телевизија од оваа недела
Асанж и рускиот канал „РТ“, чијшто програм се емитува на англиски јазик, најавиле дека емисијата започнува во текот на оваа недела и дека на гостите ќе им бидат поставувани конторверзни прашања.
„Што мислите, кои ќе бидат првите гости во емисијата?“ - напишале од каналот „РТ“ на својот Твитер - налог. Емисијата уште незапочната предизвика големи контроверзи во медиумите.
Асанж моментално е во домашен притвор, па не е сосема јасно, како ќе ги доведува гостите и ќе ја води емисијата.
Тој моментално го чека одговорот на британскиот суд на неговата жалба против израчувањето на Шведска, каде што е обвинет за сексуално вознемирување. Асанж упорно ги негира овие обвинувања, тврдејќи дека тие с еполитички мотивирани и поврзани со работата на неговиот сајт.
|