17.04.2012, 08:52 Повредени лица и оштетени објекти во протестот за петкратното убиство
Двајца полицајци се полесно повредени, а три други лица пријавиле дека биле физички нападнати
ФОТО: Петр Стојановски
Двајца полицајци се полесно повредени, а три други лица пријавиле дека биле физички нападнати во вчерашниот протест на поголема група млади луѓе кои бараа брзо расчистување на петкратното убиство кај Смиљковци. Во протестот се оштетени и повеќе објекти.
Министерството за внатрешни работи информира дека се приведени десетина лица, меѓу кои пет деца. По целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Во соопштението од МВР се наведува дека протестот започнал околу 17 часот без претходна најава при што кон Владата биле фрлани камења и тврди предмети. Притоа, искршени се три до четири стакла. Групата се упатила во правец кон Бит Пазар, по што во непосредна близина на АД „Македонска Пошта“ од страна на повеќе лица е оштетено патничко возило „крајслер“, сопственост на МВР, при што е скршено задното ветробранско стакло и направени се вдлабнатини по возилото. Од страна на полицијата, со употреба на средства за присилба, на групата не и е дозволено да се движи во насока кон Бит Пазар, по што групата се упатила кон мостот Гоце Делечев, а оттаму кон Камениот мост и плоштадот Македонија, за на крај да стигнат до Собранието, од каде во помали групи се движеле низ централното градско подрачје.
Во текот на движењето своето незадоволство го искажувале со викање и фрлање камења и тврди предмети, при што се оштетени два билборди на улицата „Теодосиј Гологанов“ и улицата „Македонија“.
СВР Скопје превзема интензивни мерки и активности со цел спречување на евентуално нарушување на јавниот ред и мир на подрачјето на град Скопје, како и за пронаоѓање на останатите инволвирани во нарушувањата на јавниот ред и мир.
|
|
Статијата е прочитана 4468 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Трпе, 17.04.2012 10:19:39 | Овие не ми наликуват на протестанти,повеке наликуват на хулигани.Познато од кого се регрутирани.Истите се од протестите на Калето,Скопје 2014 (тепачите на студенти) ,исто и по спортските натпревари.Кај нас ништо нормално не се одвива се е под режисерска палка.А сцените за погребување се најуспешни.Еден проблем или скандал се погребува со друг. |
| cobe, 17.04.2012 10:30:30 | Ете тоа ни се резултатите од Преродбата во 100 чекори........проширена и надградена.......... |
| trickov, 17.04.2012 11:36:41 | e tripko zatoa dojde do tuka tie kako tebe osuduvat makedonci i kamen da frli huligani,kriminalci a nekoj tepa deca starci 2 meseci pocnaa i da ubivat a ni velat apeli,vozdrzanost,policija ostavetwe ja..pa eve ja ostavivme 2 meseci jankulovska na toe sto gi fatija im a i onie na kale sto napadjaa lani so no9zevi izjavi kanza opomena i uslovno najdobro demek bilo vospituvacki a jas tvrdam nee toa vospituvacki naprotiv ce dobijat krila ce pocnat da ubivat ui ako sega nese sece i postavi polcija na klucni mesta no i da pretresuva pak ce ima ubistva nee toa slucajno,dui nedava albanci da dobijat zatvor ilivednas izleguva od koalicija,sto ce bese 5 albanci da bea likvidirani na ist nacin?????samo budala moze da dozvoli na vakov nacin da ne tepat i da ni gi ubivat decata,tie deca na ulica znaat sledni zrtvi mozat da bidat tie mvr nisto ne napravavi 3 meseci...... |
| pero, 17.04.2012 14:00:36 | Dali ke bide pokrenato obvinenie za terorizam ili samo za ubistvo? |
| Mary, 17.04.2012 14:40:54 | Koga ke poglednes po ulicata pred Vladata ke se zaprasas od kade gi najdoa tolku kamenja koga se e asfalt, znaci tie dosle pripremeni za napad, a ne da protestiraat za zlokobmnoto ubistvo sto site tregizno ne pogodi pre golemiot praznik , za da ne si go uzneme, ili da bide pod taa depresija, da unistuvas, za mene trebase policijata kako na Zapad da ispotepa koga krsat ili unistuvaat, da bide povreden policaec ne mi e jasno sto HULIGANSKA RASA E OVA !!!
I nikogas ne ja okrivuvam policijata vo vakvi slucai, taa e da go brani poredokot i mirot na gragjanite, a krivcite od sekakov vid nie nemozeme da gi najdeme toa e rabota na Instirucijata, sto nie barame??? samo kako lugje imam socustvo sprema familiiite koi gi snajde najlosoto vo svojot zivot, Huligani odete si ako ste dosle od nekoj nemiren i vrel so krv kraj!!! |
| gjoko bugarija, 17.04.2012 16:08:37 | Samo napred, taka se brani Makedonija.Bravo junaci. |
| do mary, 17.04.2012 16:19:22 | draga mary da nesi slucajno albanka od makedonija........ |
| VP, 17.04.2012 18:32:24 | А бp�� луѓе - пазете си државата!
Не е толку тешко да се подобрат работите.
Оставете го другото - Македониja ќе ја биде! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 11°C
Претежно облачно
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 4°C
|
Четврток
Локални грмотевици
Макс: 20°C, Мин: 7°C
|
|
|
|
|
|