17.04.2012, 13:14 Нечас: Евроинтеграцијата на Македонија е во интерес и на ЕУ и НАТО
Чешкиот премиер денеска во Скопје се сретна со својот македонски колега, Никола Груевски
Чешката Република го поддржува членството на Македонија во ЕУ и во НАТО бидејќи смета дека тоа е од интерес не само за земјата, туку и за Европската унија и за Северноатланстката алијанса, изјави чешкиот премиер Петар Нечас на денешната заедничка прес-конференција во Скопје со македонскиот премиер Никола Груевски.
- Чешката Република долгорочно го поддржува стремежот на Македноија за влез во ЕУ и НАТО. Ве поддржавме и во Букурешт. Го поддржуваме проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан бидејќи зачленувањето во НАТО и во ЕУ значи проширување на зоната на безбедност и од тој аспект ја имате нашата целосна поддршка, рече Нечас. Изрази подготвеност за споделување на чеките искуства во просесот на приспатпување кон ЕУ, особено во делот на усвојувањето на европското законодавство.
Тој се осврна и на унапредувањето на економската соработка меѓу двете земји кон што треба да придонесе и делегацијата од чешки бизнисмени која го придружува во неговата официјална посета на Македонија.
Премиерот Никола Груевски се заблагодари за отворената поддршка на Чешката Република на членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Посочи дека во разговорите го информирал својот чешки колега за реформите кои земјата ги спроведува во насока на исполнувањето на Копенхашките критериуми за почнување на преговорите за членство во ЕУ, како и за активностите на земјата во пресрет на Самитот на НАТО во Чикаго. Во тој контекст премиерот Груевски информирал и за деталите од пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг со која недвосмилено е оценето дека Грција ја прекршила Времената спогодба со блокирањето на влезот на Македонија во Алијансата во Букурешт во 2008 година. Се осврнал и на почнувањето на пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.
- Почнувањето на пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Република Македонија и ЕУ претставува позитивен чекор во вистинска насока меѓутоа не е и не може да биде замена за почеток на преговорите за членство. Но, од друга страна ќе придонесе за прогрес и за завршување на одредени реформи кои би се завршувале кога би започнале преговорите, така што кога ќе започнат официјалните преговори тие ќе бидат значајно пократки затоа што овој период преку овој висок пристапен дијалог ќе завршиме кога би отпочнале официјалните преговори, рече Груевски.
Тој искажа задоволство од унапредувањето на економските релации меѓу двете земји со оглед дека во 2011 година двојно е зголемена трговската размена во однос на 2010 година. Го поздрави и присуството на делегација на бизнисмени од Чешката Република во Македонија како можност за директни контакти со македонските стопанственици што претставува незаменлива алатка за унапредување на економската соработка и трговската размена меѓу двете земји.
Денеска во Владата беа потпишани и две спогодби за соработка меѓу Република Македонија и Чешката Република во областа на меѓународениот транспорт и во здравството.
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 11°C
Претежно облачно
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 4°C
|
Четврток
Локални грмотевици
Макс: 20°C, Мин: 7°C
|
|
|
|
|
|