Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
15.04.2012, 15:22

Јанкулоска: Пронајдено возило кое било на местото на убиството



Истрагата сериозно напредува, дефиниран е профилот на извршителите, но се уште не нивниот број и идентитет, изјави министерката

Првиот човек на македонската полиција рече дека не може да изнесат повеќе детали за профилот на убијците на петтемина кај Смиљковци зашто се уште се обработуваат материјалните докази.

- Колегите кои најдиректно работат на случајот ме информираа дека има сериозен напредок... Профилот го утврдивме, но не би оделе со детали, зашто ни е потребно време да ги провериме материјалните докази собрани на терен. Но и заради комплексноста и заради некои хемиски анализи кои бараат одредено време, истакна Јанкулоска од Оперативниот шт��б.

Меѓу материјалните докази е и едно возило за кое, според најдените траги од вештачењето, има индиции дека било на местото на злосторот. Најдено било на десет километри од таму.

Досега на информативен разговор биле над 100 лица, но нема осомничен. Клучни ќе бидат и исказите на семејствата на жртвите кои од разбирливи причини вчера и завчера не биле на распит. Многу им помогнале и ја придвижиле истрагата информациите што ги добиле на бесплатниот телефон 199. Министерката ги охрабрува граѓаните и понатаму да се јавуваат. Најголем дел од нив, рече таа, потвдуваат дел од сценаријата за кои размислува и МВР.

- Не би зборувала за сценаријата со кои јавувањата се совпаднаа, бидејќи нивното јавно елаборирање би ја отежнало истрагата. Меѓутоа, може да се каже дека од нашите сценарија што ги разгледувавме и од јавувањата на граѓаните на телефонот 199 успеавме да отфрлиме дел од тие сценарија и да ги нотираме тие што се најмалку веројатни, рече Јанкулоска. Меѓу најмалку веројатните е дека момчињата можеби биле сведоци на друго кривично дело што му претходело на убиството.

Досега МВР нема повратна информација од службите на соседните земји, кои се спремни за соработка во расчистување на петкратното убиство. Јанкулоска повтори дека е тоа најтешко кривично дело со кое МВР досега се соочило.

Рече и дека состојбата е мирна и оти ноќта поминала без нарушувања на јавниот ред и мир.




Статијата е прочитана 4686 пати.

Испрати коментар



ЗНМ - Медиумите да не шпекулираат за петкратното убиство
Приведени 14 лица по протестите во Скопје
СДСМ - Брзо расчистување на убиството за да се спречи ескалација на состојбата
Филе - Политичарите да апелираат за мир и воздржаност
Јанкулоска - Истрагата оди во добра насока
Опозицијата му објави бојкот на Вељаноски
Од стан украден сеф со 25.000 евра
Се регулира патниот сообраќај меѓу Македонија и Чешка
Нечас - Евроинтеграцијата на Македонија е во интерес и на ЕУ и НАТО
Пијан човек турнал од тераса двајца полицајци
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Стефановиќ - Белград подготвен да го продолжи дијалогот
Брејвик - Повторно би го направил масакрот
Македонија и Чешка ја интензивираат економската соработка
Панета - Со нетрпение ја очекуваме Македонија во НАТО
Една жртва при уривање на солитер во изградба во Москва
Асошиејтед прес доби Пулицерова награда
Силен земјотрес во Чиле
Чешкиот премиер Нечас во посета на Македонија
Повредени лица и оштетени објекти во протестот за петкратното убиство
Џим Јонг Ким избран за претседател на Светска банка
Протест во Скопје поради петкратното убиство
Македонец убиен во Австралија
Сомнителниот „опел“ бил на местото на злосторството
Саркози ��аостанува во однос на Оланд
Син со нож усмрти татко
„Детонаторот“ во Тетово одзеде 49 покер апарати
Светска банка денеска избира нов претседател
Предупредувања за тројца полицајци
Србите сметаат дека косовската полиција ја нарушува безбедноста
Пациентите онлајн ќе ги изнесуваат проблемите
Брејвик не го признава норвешкиот суд за легитимен
Завршија судирите во Кабул, вкупно 47 лица загинаа
Жртвите кај Смиљковци починале од огнострелните рани
Правдата ќе ги стигне убијците, порачаа Иванов и Груевски
Православните верници го слават Велигден
Европратеничката Фајон со остра осуда на убиствaта
Иванов - Велигден е празник на победата над насилството
Јеремиќ - Случувањата во Македонија се опасен тренд
НДП - Убиството да не се третира како случај од етничка природа
(ФОТО) Погребани телата на убиените момчиња
Жртвите кај Смиљковци убиени со три типа оружје
ОБСЕ со повик за брза истрага и воздржаност
Велика Сабота - ден пред воскресението христово



jimmy1, 15.04.2012 16:14:10
Ne daj boze i ovie sto se javuvaat na 199 da gi zafati nekakva lustracija i da bidat proglaseni za kodosi.. Dali sega ke svatat ovie od VMRO oti lustracijata e samo trosenje na pari, nisto drugo.
Grazerin, 15.04.2012 16:16:39
Zalosno za tragedijata i mladite zivoti i gospod da im dade sila na familiite da go podnesat seto to.Pod hitno vo MVR i minesterkata da si podnesat ostavki posto Makedonija neje demokratska drzava moze i vaka.kolku ubistva se sluceni vo nejzinoto vladeenje so MVR nikoj ne podnesol bar sega moralna.Sramotno delo i je za osuda bilo koj go napravil ,Makedonija e tolku bezbedna kako vo Africkine zemji.Pozdrav
koco amsterdam, 15.04.2012 18:28:50
Denes bev na rabota (za zal) i ne stignav da se opkladam, pa ako saka gospozata koja tvrdi deka istragata napreduva seriozno moze da i se kladam deka ubijcite i se veke vo druga drzava odnosno u protektoratot koj sto go prizna nejziniot vodac. Inace na site pravoslavni hristijani im go cestitam golemiot praznik, Hristos voskrese.
fani od germanija, 15.04.2012 20:43:39
Ova ne trebase da se objavuva tolku rano
aurora, 15.04.2012 21:32:12
nema komentar, MVR seriozno da si ja raboti rabotata i da ne se zataska. Vo sprotivno, na narodot ke mu pukne filmot-ova e kraj na trpenieto i tolerancijata za se sto se slucuva!!!
Najdi gi ubicite ne samo se reklamiraj, 15.04.2012 23:06:33
Ovaa nasilnicka vlast ja donese makedonija do kolaps. Ne sakam politika ali politikata dovede do ova. Vmrovcite i dui si gi podelija poziciite i nisto ne gi interesira samo da go siromasat narodot..i uste 100 da ne utepaat isto ke bide. Pogresna ne seriozna vlast sostavena od decista imame. Totalno izgubeni i nikoj ne snosi odgovornost da podnese ostavka. Na kale ne ispotepaa pred nekolku meseci, pred dve nedeli 30 makedonci bea pretepani do sama smrt vo skopje i tetovo i sega ubija deca kako vo vatasa so strelanje. Albancite imaat strategija so strav poleka poleka da ne iselat od skopje (kako vo tetovo,gostivar,kicevo itn) najverovatno 2020 makedoncite ke bidat 20% a medjuvremeno metar kvadraten vo skopje ke stane 80evra .....
Трпе, 16.04.2012 00:17:42
Под хитно пронајденото возило да го осудат доживотно.А за безбедноста да не станува збор и претходно безбедно и ��реќно си живеевме.
informiran, 16.04.2012 02:52:52
G-ga Ministerka,Gledam deka ste umorni,i koj ne bi bil na vase mesto,ve pocituvam i posakuvam da izdrzite.Bidete profesionalec,a i toa go bara vasata profesija.Ako ovaj slucaj ja zadovoli javnosta ce ostanite za sekoj pat IME za site vreminja.
nato -jato, 16.04.2012 06:52:20
Kade vi se kamerite sto gi instaliravte? Ili za ukras vi sluzat i za kazni....
ostavre, 16.04.2012 11:31:51
Ako ubijcite ne nosele rakavici togas ostavile DNK na alistata na momcinjata koga gi prensuvale telata a mozebi i na caurite. Ako ima tri tipa na cauri toa ne znaci deka bilo pukano od samo tri oruzja. Jankulovska, pobarajte pomos od forenzicarite od zapadnite zemji.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Обилни врнежи

Среда
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |