Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
14.04.2012, 16:13

Жртвите кај Смиљковци убиени со три типа оружје



Mинистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека имало поголем број истрели од три различни агли и било пукано непосредно, во горниот дел на телата на жртвите

ФОТО: Петр Стојановски

Обудкцијата врз петтемина убиени кај езерото во село Смиљковци покажа дека во нив е пукано од три типа оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција. Тоа сугерира дека има повеќе од еден извршител на грозоморниот чин.

Mинистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска попладнево, соопштувајќи најнови податоци за истрагата, изјави дека имало поголем број истрели од три различни агли и било пукано непосредно, во горниот дел на телата на жртвите. Смртта настапила од огнострелните рани кои биле видливи.

Полицијата трага по сторителите и за нивно пронаоѓање досега на информативен разговор повикала педесетина лица, а соработува и со полициите на соседните земји.

За што повеќе информациии, МВР отвори и посебна телефонска линија 199 на која, покрај редовната на 192, може да се јавуваат какви било информации што можат да помогнат во истрагата.

Јанкулоска рече дека сите информации се анализираат и дека се можни сите опции за тоа кои се извршителите. Не е исклучено тие да се и надвор од државата, а исто така жртвите да биле и случајна цел.

- Не би сакала да шпекулирам. Постојат многу варијанти, но изнесување премногу информации во јавноста може да им биде во корист на сторителите. Ги разгледуваме сите опции. Службите во соседните земји се спремни за соработка... Сакам да ги уверам граѓаните дека преземаме најенергични мерки за расчистување на ова петкратно убиство и да им порачам на извршителите дека не може да и избегаат на правадата, рече Јанкулоска од Оперативниот штаб лоциран во Полициската станица Гази Баба.

Четирите убиени момчиња, кои денеска беа погребани, немале проблем со никого, ниту во околината, ниту, пак, имале какво било досие. Петтиот убиен од село Црешево, бил убиен на неколку метри подалеку од нив.

Јанкулоска апелираше граѓаните да се воздржат од шпекулации и од подгревање меѓуетнички тензии бидејќи се уште не се знаат извршителите на убиството. Рече дека е најсериозно кривично дело на кое МВР досега работело и оти поради тоа мотивот е поголем да се откријат и најстрого да се казнат сторителите.

- Од информациите што ги имаме воопшто не може да се констатира ниту етничката припадност, ниту идентитетот на сторителите. Затоа апелерам за воздржаност од шпекулации кои би можело да ги подгреат меѓуетничките тензии. До овој момент немаме податок ниту за евентуалните мотиви на петкратното убиство. Сите информации кои случајно или намерно се пласираат во јавност, а се поврзани со меѓуетничките односи во Македонија, се во доменот на шпекулации, зашто досегашниот тек на истрагата нема потврда за тоа, истакна министерката за полиција.

Таа ги повика граѓаните кои вечер ќе се собираат во црквите по повод Велигден да не го нарушуваат јавниот ред и мир, за полицијата да биде повеќе фокусирана на расчистување на убиството, отколку да се дисперзира на различни локации. Посочи дека на терен е целиот полициски состав и дека состојбата е под контрола.





Статијата е прочитана 5463 пати.

Испрати коментар



ЗНМ - Медиумите да не шпекулираат за петкратното убиство
Приведени 14 лица по протестите во Скопје
СДСМ - Брзо расчистување на убиството за да се спречи ескалација на состојбата
Филе - Политичарите да апелираат за мир и воздржаност
Јанкулоска - Истрагата оди во добра насока
Опозицијата му објави бојкот на Вељаноски
Од стан украден сеф со 25.000 евра
Се регулира патниот сообраќај меѓу Македонија и Чешка
Нечас - Евроинтеграцијата на Македонија е во интерес и на ЕУ и НАТО
Пијан човек турнал од тераса двајца полицајци
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Стефановиќ - Белград подготвен да го продолжи дијалогот
Брејвик - Повторно би го направил масакрот
Македонија и Чешка ја интензивираат економската соработка
Панета - Со нетрпение ја очекуваме Македонија во НАТО
Една жртва при уривање на солитер во изградба во Москва
Асошиејтед прес доби Пулицерова награда
Силен земјотрес во Чиле
Чешкиот премиер Нечас во посета на Македонија
Повредени лица и оштетени објекти во протестот за петкратното убиство
Џим Јонг Ким избран за претседател на Светска банка
Протест во Скопје поради петкратното убиство
Македонец убиен во Австралија
Сомнителниот „опел“ бил на местото на злосторството
Саркози заостанува во однос на Оланд
Син со нож усмрти татко
„Детонаторот“ во Тетово одзеде 49 покер апарати
Светска банка денеска избира нов претседател
Предупредувања за тројца полицајци
Србите сметаат дека косовската полиција ја нарушува безбедноста
Пациентите онлајн ќе ги изнесуваат проблемите
Брејвик не го признава норвешкиот суд за легитимен
Завршија судирите во Кабул, вкупно 47 лица загинаа
Жртвите кај Смиљковци починале од огнострелните рани
Јанкулоска - Пронајдено возило кое било на местото на убиството
Правдата ќе ги стигне убијците, порачаа Иванов и Груевски
Православните верници го слават Велигден
Европратеничката Фајон со остра осуда на убиствaта
Иванов - Велигден е празник на победата над насилството
Јеремиќ - Случувањата во Македонија се опасен тренд
НДП - Убиството да не се третира како случај од етничка природа
(ФОТО) Погребани телата на убиените момчиња
ОБСЕ со повик за брза истрага и воздржаност
Велика Сабота - ден пред воскресението христово



НЕВЕН ГНЕВЕН, 14.04.2012 16:32:30
Ја слушав изјавата на Јанкуловска .Кажа дека сите од МВР се ангажирани во случајот. Што прават одговорните служби за вакви дела? Дали немаат капацитет па на помошт се вклучуваат сите? Јанкуловска. Одамна ти е испеана песната, туку замини се за да не те нападат со сила. Немаш ни знаење ни капацитет.
marika, 14.04.2012 16:38:31
nisto nee sluicajno pa ni lanskiot sneg...momcinjata si imale konflikti so bracata podolgo vreme oti tie gi zdode pri ribarenje i im frlale kamenje...znaci da si odat da ne ribarat t.e. etnicki cisti teritoriji nesak da gledat druga nacija,vece videno vo kurdistan,kosovo,cecenija,bosna,hrvatska...nacinot,oruzjeto se e identicno na 2001 no toa jankulovska ne go pameti,znae bila maloletna togas..........
anet, 14.04.2012 16:40:18
Е многу добро. Да се воздржиме од се и сешто, како тоа што беше во случајот со Бриони, уиченикот на кошаркарското игралиште во Тетотво итн.
branislav, 14.04.2012 16:45:48
Telefonska linija 199. Dali znaete kolku krivicni dela vo SFRJ se reseni so pomos na lugje koi denes se soocuvaat so zakonot za lustracija i se proglaseni za kodosi? Ako denes ste informator ili narodski kazano taster vo policijata, koja e verojatnosta deka za 30 godini nema da bidete proglaseni za kodos. Ostavete go nastrana zakonot za lustracija i vratete se na nacin na rabota koj bese karakteristicen za komunistickata milicija, so edna zabeleska da se proveruvaat rabotite podobro pred da se pokrene edno obvinenie, i ke vovedete pogolema bezbednost vo drzavata kako sto bese porano. Ako toa e vistinskiot interes da se napravi.
Hristijanin, 14.04.2012 18:38:04
ako se fatat i sto? ke gi osudite najstrogo??? kolku e najstrogata kazna vo Makedonija? 15-25 god? abe sramota, treba da se zapalat javno na Kamen most stom imale srce da ubijat mladi nevini deca vo egzekuciski still togas i tie treba na ist nacin da se ubijat i toa da gi gledash v oci dodeka crknuvaat, sepak mislam vie nema da pronajdete nikoj oti i edinstveniot svedok sto bil tamu e ubien a ti ne si sposobna da otkries nisto i mozebi najuboo e narodot sam da reshi sto saka natamu dali sami ke resavame raboti kako ovaa ili neka ne snema ednash za sekogash
pile, 14.04.2012 19:40:57
Постојат многу варијанти,...posle 48 casa od krvaviot i nemil nastan vo koj zjivotite gi zagubija 5 Makedonski gragjani,od najgledanata licnost na TV ekranite poslednite dva dena vakva izjava citame za najgrozomorniot zlocin posle Vejce 2001 godina.Ili да им порачам на извршителите дека не може да и избегаат на правадата, mislevte za pravda kako so slucajot za novinarot Vlado Tanevski, ili momceto osudeno za tri ubistva sto mnogu go citalo Dostoevski,ili dokazi pribirate po isprakjanje na voziloto od nastanot na Legendata Tose Proeski prvo vo S.R.Germanija, ili kako vo slucajot so Martin Neskovski.Veke prespavte OSTAVKATA NA MASA, i izvinete se javno na Makedonskite gragjani, a vecerva pobarajte proska.HRISTOS VOSKRESE, ZA MNOGU GODINI, sreken veligden na site pravoslavni hristijani.
od ostrijot, 14.04.2012 21:51:25
gospogo nas nene interisira od koj agol e pukano nitu kolku oruzje e upotrebeno nego dali znajete kojse ubijcite i zosto se slucilo ubijstvoto. a seto drugo e za kriminalnite inspektori.
Rabijan Mustafovska, 14.04.2012 22:09:32
Mnogu mi e zal za zaginatite momcinja, gospode moj mili koj moze da posegne po zivotot na mladi momcinja i nevini , samo nekoj koj e psihicki bolen, psihopati ako se poveke priciniteli, nemam komentar samo sum mnogu potresena i gi zalam nivnite familii ...mnogu mi e zal.
Трпе, 14.04.2012 23:10:36
Се е убао кажано.Само некој ако има совест ,од морални причини си дава неотповиклива оставка.Барем за почит кон загинатите.Никој не е незаменлив.Можеби ке дојде некој кој може да постави подобра организација за безбедност на обичниот граганин.Овие другите кои имат пари и моќ си плакат обезбедување,немат потреба од полицијата.
Dragan, 15.04.2012 06:42:52
Mozebi na raspit treba da se viknat i Bill Clinton, Toni Blear, Xavier Solana i ostanatite gangsteri od NATO megju drugite... Cel svet znae od kade doagjaat site problemi i tenzii, a narocito ovaa tenzija na Balkanot kojsto najmnogu gi tangira lugjeto vo Makedonija i Srbija. Dlaboko socustvo do familiite na tie Makedonski Angeli. Vistinata e vo Makedonija, prokletstvoto e za ubijcite i nivnite soucesnici - od bilo koja zemja da se...
mk, 15.04.2012 09:25:45
http://www.rtvbn.com/?news=nove-prijetnje-albanskih-ekstremista ova go vidiv vecerta koga se sluci ubistvoto i sto treba poveke da se kaze
matej, 15.04.2012 13:13:58
Sekako deka ova e grozomoren cin, no clen na vladata NE SMEE da izjavi deka - izvrsitelite ke bidat najstrogo kazneti. Kazni izrekuva sud a toj treba da e nezavisen. MVR moze da kaze samo deka izvrsitelite ke bidat pronajdeni i uapseni.Inaku, se soglasuvam deka na izvrsitelite treba da im se izrece maksimalna kazna. Vo ovoj slucaj zalam sto nemame smrtna kazna.
goce, 15.04.2012 14:40:35
ovde vo ovoj slucaj se raboti za ostavka na ministerkataza vnatresni raboti vo R.M,neznam sto uste treba da se sluci kaj nas za da dade gorno imenuvanata ministerka OSTAVKA......

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Обилни врнежи

Среда
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |