14.04.2012, 17:04 Иванов: Велигден е празник на победата над насилството
Претседателот на Република Македонија упати честитка до православните верници по повод празникот Воскресение Христово - Велигден
- Ви посакувам Велигден да го поминете во среќа и благосостојба, опкружени од своите најблиски и исполнети со верба и безмерна радост поради Христовата победа над смртта. Велигден како празник на светлината е убава можност, поткрепени од божјата милост, да работиме на нашата духовност, грижа и љубов за другите. Христовата жртва за човештвото нека биде патоказ за добродетелство, меѓусебно помагање и споделување со сите наши сограѓани без разлика на нивната етничка и верска припадност.
Велигден е празник на победата на правдата над насилството. Празник на вечната верба и надеж. Нека е честит празникот и за многу години. Христос воскресна! Навистина воскресна!, се вели во честитката од претседателот Ѓорѓе Иванов.
|