15.04.2012, 12:37 Србин добил повик за војска на 77-годишна возраст
Драган Јефтовиќ од Крагуевац добил пред два дена повик за регрутација, да служи во Армијата на Србија, иако има 77 години.
И покрај тоа што пред 60 години веќе служел воен рок, на негова адреса поштарот донел писмо од Министерството за одбрана, објави Блиц. Треба да се јави на 24 април бидејќи во спротивно следи апсење.
На воениот повик уредно е запишано се - неговото име, презиме, улица и број, но годината на раѓање е погрешна - 1994.
Служел во ЈНА во Бихаќ и тоа две години.
- Еве сега мора пак да се јавам. Треба да направам испраќање во армија како што доликува. Кој погрешил, не знам, но сепак ќе се јавам за секој случај, вели Драган. зш/10:41
|