14.04.2012, 19:31 Вардар освои бод во Тетово, Работнички ја победи Ренова
Црвено-црните ремизираа без голови кај Тетекс, „романтичарите“ дома славеа со 3:1
Во Првата македонска фудбалска лига денеска се одиграа два натпревара од 26.коло. Првопласираниот на табелата Вардар на гостувањето во Тетово кај Тетекс одигра нерешено 0:0. Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје ја совлада Ренова со 3:1.
Борче Маневски во 28.минута му донесе водство на Работнички од 1:0, Марјан Андонов изедначи во 59.минута, а победата на домаќинот ја обезбедија Бошко Ступиќ и Виктор Ангелов со головите во 72 и 79.минута.
Другите четири натпревари од овој круг се играат утре. Двојките се: Силекс – Брегалница, 11 Октомври – Шкендија, Хоризонт Турново – Металург и Охрид – Напредок. Почетокот на натпреварите е од 16 чассот.
Табела: Вардар 64 бодови, Металург 51, Шкендија 50, Ренова 38, Силекс 36, Брегалница 35, Работнички 33, Напредок 27, Т��текс 24, Охрид 24, Хоризонт Турново 23, 11 Октомври 12.
|