15.04.2012, 12:16 Бостон обезбеди пласман во НБА плеј офот
Ол-стар тандемот на Оклахома Сити, Кевин Дурент и Расел Вестбрук постигна вкупно 78 поени во победата на Тандер во Минеаполис од 115:110 за задржување на првото место на Западот.
Кошаркарите на Бостон со победата на ноќешниот натпревар против Њу Џерси со 94:82 изборија пласман во плеј офот. Тие се седмата екипа која обезбедува пласман во завршницата во НБА лигата.
Ол-стар тандемот на Оклахома Сити, Кевин Дурент и Расел Вестбрук постигна вкупно 78 поени во победата на Тандер во Минеаполис од 115:110 за задржување на првото место на Западот.
Дурент вечерта ја заврши со 43 поени, од кои дури 16 постигна во последните седум минути од средбата. Вестбрук пак, вечерта ја заврши со 35 поени и осум асистенции во дуелот со Вулфси, во чии редови Мајкл Бизли беше прв стрелец со 26 поени, Бареа додаде 24 поени и 10 асистенции, а Ентони Рендолф имаше 22 коша и 11 скокови.
Резултати: Лос Анџелес Клиперс – Голден Стејт 112:104, Вашингтон – Кливленд 89:98, Мемфис – Јута 103:98, Минесота – Оклахома Сити 110:115, Милвоки – Индијана 99:105 и Сан Антонио – Феникс 105:91.
Вечерва се играат девет натпревари: Њујорк – Мајами, Лос Анџелес Лејкерс – Далас, Шарлот – Бостон, Атланта – Торонто, Детроит – Чикаго, Кливленд – Орландо Њу Орлеанс – Мемфис, Денвер – Хјустон и Сакраменто – Портланд.
|