14.04.2012, 17:14 Керол го одведе Ливерпул во финалето на ФА Купот
Англискиот репрезентативен напаѓач во 87 минута го реши дербито на Мерсисајд против градскиот ривал Евертон (2:1)
Англискиот репрезентативен напаѓач Енди Керол го одведе Ливерпул во финалето на ФА Купот, со голот во 87. минута на дербито на Мерсисајд против градскиот ривал Евертон (2:1) во првото полуфинале од најстарото островско натпреварување.
Керол постигна гол со глава на три минути пред крајот откако нововлезениот Крејг Белами изведе фантастичен скратен корнер и практично го погоди во глава високиот напаѓач, кој само смени правец и ја погоди мрежата.
Претходно, Јелавиќ во 24. минута ги замолкна навивачите на Ливерпул по грешката на Џејми Карагер, но надежта на „црвените“ им ја врати Луис Суарез во 62. минута по грешката на дефанзивецот на Евертон Силван Дистан.
Ова е 14. пласман во финалето за Ливерпул во најстарото светско фудбалско натпреварување, �� нивниот противник ќе биде познат утре кога во второт полуфинале се среќаваат Тотенхем и Челси.
|