15.04.2012, 13:21 Меси ја спаси Барса, тешка победа и за Реал
Аргентинецот со два гола донесе победа на гостувањето кај Леванте (2:1), а „кралевите“ потешко од очекувањата го скршија отпорот на Спортинг Хихон (3:1)
Реал Мадрид и Барселона извојуваа победи многу потешко од очекувањата, а Роналдо и Меси ја продолжија мртвата трка за титулата најдобар стрелец.
Ѕвездите на двата тима имаат по 41 гол, откако и двајцата се запишаа во листата на стрелци на вчерашните средби против Спортинг Хихон (3:1) и Леванте (2:1).
„Кралевите“ дури во 74. минута пронајдоа решение за одбраната на гостите, а како 40 пати претходно оваа сезона, Кристијано Роналдо беше тој кој го совлада противничкиот голман. Со тоа Реал поведе со 2:1, а до крајот Карим Бензема само ја потврди победата.
Претходно, гостите од Хихон поведоа после половина час игра преку пеналот на Де лас Куевас, а Гонзало Игуаин изедначи на 1:1 во 37. минута.
Жозе Мурињ�� се израмни со селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија. Реал Мадрид оваа сезона постигна 107 голови со што се израмни со рекордот во шпанската Примера кој го има поставено истиот тим предводен од Џон Тошак во сезоната 1989/90.
Бранителот на титулата, Барселона едвај дојде до трите бода на гостувањето кај Леванте, а работите тргнаа на лошо по голот од пенал на Баркеро во 23. минута по кој домаќините поведоа со 1:0.
Тој гол само ги засили нападите на Барса, а тие вродија со плод во 64. минута по една акција на Меси и Алексис Санчез, која со гол ја круниса Аргентинецот. Недолго потоа пак Меси им носи и 2:1 на гостите откако главниот судија во 71. минута одлучи да досуди најстрога казна за Барса по прекршокот над Исак Куенка.
Резултати од 33. коло: Реал Мадрид - Спортинг Хихон 3:1, Леванте - Барселона 1:2, Еспањол - Валенсија 2:0.
Денеска играат Сарагоса - Гранада (16.00), Бетис - Осасуна, Малага - Реал Сосиедад, Виљареал - Расинг Сантандер, Атлетик Билбао - Мајорка (18.30), Рајо Ваљекано - Атлетико Мадрид (21.30). Утре: Гетафе - Севиља (21.00)
Табела: Реал Мадрид (+1) 85, Барселона (+1) 81, Валенсија 52, Малага 50, Леванте (+1) 48, Осасуна 46, Севиља 45, Атлетик Билбао 42, Атлетико Мадрид 42, Еспањол 42, Хетафе 42, Мајорка 40, Рајо Ваљекано 40, Бетис 39, Реал Сосиедад 39, Гранада 36, Виљареал 35, Спортинг Хихон (+1) 28, Реал Сарагоса 28, Расинг Сантандер 25 бодови.
|