14.04.2012, 19:25 Фудбалер на Ливорно почина за време на натпревар
Играчот од средниот ред на Ливорно, 25-годишниот Пјермарио Моросини почина од срцев удар за време на дуелот од италијанската Серија Б на гостувањето против Пескара
Несреќниот фудбалер падна на теренот по 30 минути игра, а медицински екипи се обидоа да му помогнат на лице место пред да биде пренесен во болница „Санто Спирито“, каде за жал била само констатирана смртта.
Моросини ја започна кариерата во Аталанта, а по играњето за Болоња, Виченца, Реџина и Падова, во јануари оваа година пристигна во Ливорно како позајмен фудбалер од Удинезе. Пјермарио Моросини во минатото беше член и на младинските репрезентации на Италија.
Сите мечеви викендов во Италија во сите конкуренции се одложени во знак на почит на починатиот Моросини.
|