15.04.2012, 11:39 Розберг стигна до првата Ф1 победа во кариерата
Возачот на Мерцедес триумфираше во 111. трка во кариерата со време 1:36,26.929 часа, пред Џенсон Батон и Луис Хамилтон
Нико Розберг успеа да ја искористи пол-позицијата на патеката „Шангај“ и ја освои Големата награда на Кина. Ова е прв триумф за возачот на Мерцедес, кој славеше во 111. трка во кариерата со време 1:36,26.929 часа, пред Џенсон Батон и Луис Хамилтон. За Розберг прва победа во кариерата, а за Мерцедес прв триумф по враќањето во Формула 1 пред две години и прва радост по далечната 1955 година кога победија на трката во Монца.
Актуелниот светски првак Себастијан Фетел се пласираше на петтата позиција, откако во последните пет круга беше поминат од Батон, Хамилтон, па дури и од својот тимски колега Вебер. Михаел Шумахер и Хеики Ковеланинен се единствените возач кои не успеаја да ја извозат до крај оваа трка.
„Се чуствувам фантастично. Ова е неверојатно, пресреќен сум“, изјави Нико Розберг по триумфот во Шангај.
Шампионатот во Ф1 треба да продолжи идната недела, со трката за Големата награда на Бахреин, која според последните информации ќе се вози и покрај лошата безбедносна состојба во оваа земја.
|