17.01.2012, 12:02 Во сообраќајка загина Вук Бошковиќ
Во сообраќајна несреќа на патот Бродаерво-Пријепоље синоќа загина Вук Бошковиќ, поранешен долгогодишен советник на претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Според соопштението Бошковиќ бил сам во автомобилот, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
Бошковиќ од декември 1994 до јануари 1998 година беше шеф на полицијата во Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, а од 1998 до 2001 година помошник министер за внатрешни работи.
|