16.01.2012, 15:10 Јон Илиеску успешно опериран од полип на дебелото црево
Поранешниот претседател на Романија Јон Илиеску денеска беше опериран од полип на дебелото црево.
Болницата каде се лекува 81-годишниот Илиеску соопшти дека поранешниот претседател е во добра здравствена состојба. Тој беше хоспитализиран во ноември минатата година поради преумореност.
Илиеску е првиот претседател на Романија по падот на комунистичкиот режим на Николае Чаушеску. Тој од 1990 година три претседателски манддати беше на власт.
Илиеску е основачот на Социјалдемократската партија.
|