17.01.2012, 17:48 Ако плаќаат за рецепти, нема да одат на лекар
Против воведување партиципација кај матичните лекари се и пензионерите, бидејќи нова��а давачка ќе им го поскапи лекувањето
Јасмина Јовановска
Ако прегледот кај матичните лекари се наплаќа 50 денари, нема да се оди на лекар и покрај болеста, се најчестите коментари на пациентите. Новата партиципација само ќе им го поскапи лекувањето на болните, кои и сега се жалат дека многу плаќаат за секакви здравствени услуги и за лекови, а не, пак, да им се воведе нова давачка.
На удар на новиот надомест кај матичен лекар особено ќе бидат пензионерите и хронично болните, кои ќе мора да платат 50 денари и за подигање рецепти. „Ќе штедат и нема да одат на лекар, па ќе умираат без лекови“, е реакцијата од Сојузот на пензионерите на иницијативата на матичните лекари да се воведе партиципација во примарните амбуланти, бидејќи со сегашните приходи ординациите не можеле да опстанат.
Ако се знае дека секој трет жител живее во сиромаштија, новата партиципација ќе им го истенчи и така тенкиот џеб на пациентите. Заедно со она што го даваат за лекови и за други испитувања, од свој џеб пациентот ќе мора да издвои најмалку и до 500 денари месечно.
„Живееме со 13.000 денари, за што попрво да ги дадеме парите, дали за храна, за режиски трошоци или за лекови. Каде е тоа бесплатно здравство за сите, ако сега мораме да даваме пари и кај матичниот лекар“, реагира една 52-годишна жена, која има две деца, а сопругот не работи.
Речиси сите пациенти слично реагираат и прашуваат зошто да плаќаат кај матичниот лекар кога државата декларира бесплатно примарно здравство достапно за сите. „Ако им се малку парите на лекарите, нека ги бараат на друго место, а не преку грбот на пациентите“, вели една пациентка.
Но, има и такви што велат дека не им е пречка да дадат 50 денари. „Немам многу, но матичната лекарка е толку хумана и пожртвувана. Не се многу 50 денари, бидејќи таа не' советува и ни се наоѓа и надвор од работното време, а понекогаш рецептите ни ги носи дома“, вели М.Т..
Против воведување партиципација кај матичните лекари најмногу се пензионерите. „Ние бараме да не' ослободат од другите партиципации, а не да не' товарат со нова. Дали лекарите знаат дека над 20.000 пензионери во државата живеат со 5.200 денари. Како тој пензионер ќе може да даде 50 денари за да ги подигне рецептите, кога не му останува ни за леб“, реагира претседателот на Сојузот на пензионерите, Душко Шурбановски.
„Ако се знае дека пензионерите одат на лекар во просек и по три пати во месецот, тогаш сигурно е многу да плаќаат по 50 денари при секое влегување во ординација“, реагира и претседателот на Комисијата за здравство при Сојузот на пензионерите, Илија Глигоров. Тој вели дека хроничните болни не одат на лекар од ќеф, туку кога имаат проблем. „Оваа мерка не е хумана, ни солидарна. Со партиципација пензионерите ќе штедат и ќе умираат без лекови“, додава Глигоров, според кој матичните лекари не се многу за жалење, зашто нивните плати сигурно се неколку пати над просечната плата во државата.
И стручњакот за јавно здравство, Владимир Лазаревиќ, вели дека матичните лекари не треба да бараат повеќе пари преку грбот на пациентите. Тој смета дека иницијативата е само притисок врз здравствените власти за да се промени плаќањето на примарното здравство.
„Лекарите имаат право да бараат да се воведе партиципација. Прашање е дали таа ќе им се одобри, посебно што се руши концептот на реформата за примарното здравство да биде бесплатно и достапно за сите пациенти“, вели Лазаревиќ. За него партиципацијата од 50 денари е превисока. „Во услови на сиромаштија, ретко кој може да издвои 50 денари, што е премногу за нашиот стандард и сигурно лошо ќе се одрази на пациентите, па ќе се мислат дали да појдат на лекар“, додава Лазаревиќ.
Но, според него, веќе ништо нема за џабе. „Треба да се измери колку работат лекарите од примарното здравство и колку заработуваат. Да се направат стручни анализи кои сега ги нема. Врз база на нив ќе може парите кои ги има во здравството да се прераспределат според тоа кој колку работи. Ако 30 отсто од работата ја вршат лекарите од примарното здравство, тогаш 30 отсто од парите да одат кај матичните лекари“, објаснува Лазаревиќ.
Матичните лекари, пак, бараат воведување партиципација за преглед, бидејќи се во тешка финансиска состојба, пред се' поради нередовната исплата на парите за капитација, но и поради тоа што не ја земаат 100 отсто платата, туку постојано им се крати поради одредени казни. Од Фондот за здравствено осигурување велат дека сега завршуваат со исплата на парите за превентивните цели за последниот квартал. А, од п��неделник ќе почнат да исплаќаат и капитација за октомври, што е според договор со 60 дена одложено плаќање. Според неофицијални извори, од фондовската каса им се исплаќаат парите за капитација на матичните лекари тогаш кога ќе им пристигнат парите од Министерството за финансии.
Кумановските лекари ги прекинаа дежурствата
Револтот од ниските приходи матичните лекари почнаа да го изразуваат и во практика. Матични лекари во Куманово ги прекина дежурствата кои досега ги спроведуваа во Службата за итна медицинска помош.
Од Здружението на матични лекари „Медикус“ информираат дека се одлучиле на ваков чекор бидејќи се единствените во државава што дежураат иако, според законот, сите градови што имаат организирано итна помош се должни да си организираат вакви дежурства.
Матичните лекари решиле да повлечат ваков потег зашто не се надлежни за организирање дежурства. Во Куманово функционира Итна помош и, според законот, велат лекарите, предвидени се ноќни смени. (Ј.Ј.) |
|
Статијата е прочитана 1718 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jimmy1, 18.01.2012 05:58:48 | Na bogatite i na onie sto imaat visoki zarabotuvacki nikogas ne im e dosta, od den na den baraat se poveke. Treba zakon, koj lekar saka da naplatuva participacija za da se bogato od grbot na bolnite da mu se zatvori ordinacijata pa neka vidat kako se zivee bez nikakvi prihodi, ali nasle pa zasle. |
| др агрон, 18.01.2012 08:57:46 | не се во право овие мислења на луѓето, тие го гледат само својата болест и своите пари кога одат во ординаци а не го гледат лекарот и тој е човек и тој има мака, колку труд треба да се стигне до тоа да ги лекуваш луѓето, да им го одржуваш здравјето во ова време, колку трошок има да се одржува една мабуланта,а тие за 50 дена да се вложи за трудот на докторот зборат како да ги фрлат во улица.Толку не ценат нас лекарите затоа такви зборови
Поздрав до сите пациенти со надеж со подобри мисли за лекарите. |
| doktor, 18.01.2012 09:33:58 | Почитувани
Фрлањето на анатемата врз докторите кој долги години наназад можеби најсовесно си ја вршат својата работа затоа што побарале да нивниот труд во државата биде вреднуван како и на секој интелектуалец е погрешно и безмалку навредливо. Побараната партиципација е повторно во служба на истите тие пациенти кој се жалат на полни амбуланти, долги редови на чекање и неквалитетна здравствена услуга. Ако еден лекар има 50 до 80 посети во текот на осум часа помислете колку квалитетно мозе да се заврси работата. Целта на партиципацијата е да се направи тријажа на посетите па така навистина болните пациенти да го добијат вниманието кое сто треба да го имаат. А сега малку за платите, сумите кој се наведуваат од 120000 илјади не се плата туку бруто приход на ординациите од кој се плака плата за сестра , чистачка, книговодител, кирија придонеси , струја лекови рецепти и уште многу други трошоци .Но оваа сума ја имаат само околу30% доктори -што со другите |
| Za recepr 50 denari participacija?!, 18.01.2012 11:47:58 | Participacija od 50 denari za sekoe odenje kaj maticen e potpolno neopravdano. Maticnite lekari dobivaat oderdena kapitacija po sekoj pacient, pa onie koi se kvalitetni dobivaat solidni plati. Jas znam moj dobar prijatell koj mesecno ,otkako ce gi odbie site trosoci ,mu ostanuvaat po 1500 evra licen dohod. No toj e soliden i sovesen lekar i privlekol pogolem broj na pacienti da se lecat kaj nego. No poveceto maticni lekari se pretvorile vo skretnicari (pisuvaat upatiu i prepisuvaat recepti) namesto da vrsat kvalitetni pregledi na pacientite. Zarem za sekoe prepisuvanje na recept da se placa participacija uste po 50 den?! |
| Потенцијален пациент, 18.01.2012 13:26:30 | Секако дека треба да се почитува достоинството и значењето на професијата, но не треба да се заборави и дека многу од луѓето се навистина сиромашни. Треба како во секоја нормална социјална држава (не во значење на социјалци) преку повисоки давачки на оние со поголеми приходи да се ослободат посиромашните од плаќање при секое одење на лекар, а и на лекарите да им се даде повисока капитација |
| jas, 18.01.2012 14:32:23 | Vo napisot na novinarkata pisuva deka se isplaka za preventivni pregledi za posleden kvartal sto ne e tocno. Denes dobivme isplata za 7,8 i 9 mesec. Za oktomvri vetile sledna nedela a sprema dogovorot treba za 60 dena. Ke bide skoro 90 dena. participacija e planirana za tie sto bezpotrebno odat na lekar a veruvajte gi ima mnogo i zatoa toj sto treba da dojde ne moze da dojde na red. Ako nas covek nema 50 denari edmas mesecno da dade , ako odi na lekar, togas sme stvarno mizerija. A za tie sto mislat deka lekarite se bogatat da dae gospod deteto da mu se zapise na medicina, pa ke vidi., |
| ?!, 18.01.2012 17:12:32 | I jas sum protiv,ama i deka ...Ако прегледот кај матичните лекари се наплаќа 50 денари, нема да се оди на лекар и покрај болеста, се најчестите коментари на пациентите...,epten e nesmasno kazano.Ako ne se odi na lekar zaradi 50 denari pa i ne ke da sme tolku bolni.Luge,zosto i davame alibi na vakov nacin na medikus-afelava.Ako sme nedovetni,ama neke sme do tolku.Uste ni trebaat proekti za izlez od ovaa nasa arhaicna selska idila. |
| doktorka od istok, 18.01.2012 17:39:31 | Napravete prosta matematika i presmetajte kolku ziteli ima vo gradovite vo Istocna Makedonija i kolku maticni doktori pa presmetajte.Na sekoj doktor se paga po 600-700 pacienti ili vo prosek 1400 boda po 50 denari toa e 70000.Ni isplakaat po 70% toa e 49000 den.!!!!Koj moze da dade na 15 vo mesecot dve plati(sestra i doktor) so pridonesi, struja , voda , kirija, parno, potrosni materijali(inekcii za bolnite) higienicar, knigovoditel...Nevoznmo`no e neli?Ve molam novinarite ne pisuvajte na pamet proverete podatoci, samo go iritirate narodot,doktorite imaat plata kolku sto platile pridonesi, a kolku moze so tie pari?Minimalec! |
| МАТИЧЕН ЛЕКАР, 18.01.2012 21:07:48 | По исказите на хронично болните кои треба по неколку пати месечно да одат на контрола кај матичниот лекар, нашиот министер за здравство испадна ептен неук. Многу јасно се кажа дека за нив може да се препише терапија за 6 месеци со едно одење на лекар, што значи 100 денари годишно. Незнам која е таа хронична болест што бара 5 посети месечно кај матичен. Господа хронично болни многу ми е жал што толку ги цените оние кои навистина се грижат за Вашето здравје. А еден добар дел од тие хронично болни доаѓаат на преглед за муабет со тие пред врата и да им помине времето. |
| Tome, 18.01.2012 21:28:15 | Imajki predvid deka poveketo od polovinata Doktori gi imaat dobieno diplomite so privilegija ili gi imaat kupeno pa ne ni zazluzuvaat da se vikat doktori podobro bi bilo da se narekuvaat Ajvan-Doktori. Vo MK ako imash privilegii i pari mozesh da bidesh se i seshto, zatoa cela zemja e kicheraj. |
| Mitko, 19.01.2012 00:16:43 | Sramota e ova sto go baraat maticnite lekari, zatoa edinstvveno sto tie rabotat e sto prepisuvaat recepti i terapija ordinirana od specijalist, a od tie isti specijalisti vo javnoto zdravstvo zemaat najmalku duplo pogolema plata, taka da denes mnogu povekje se isplakja da si maticen , otkolku specijast vo javoto zdravstvo. |
| докторка, 19.01.2012 00:55:05 | Не ми се верува што се слушнав и прочитав овие денови.Со дрва и камења по докторите,без никој да се запраша зошто се жалат докторите.Најжално е што ние не се бориме само за нашето достоинство но и за правата на своите пациенти.Истите пациенти кои ни се јавуваат во два по полнок зошто ги болела глава или имале дури 38 температура.На пензионерите во чии книшки пишуваме терапии за децата и внуците кои немале картонче и патем ги прегледуваме беспари.За сите оние поради кои сме казнувани за тие да не останат без услуга која и не ги следува ако ги следиме упатсвата од фондот.Затоа што секоја туга мака ја носиме во душата и дома,затоа го заслуживе ова омаловажување и навредување.Не сакаме да се збогатиме на туг грб и без работа ние работиме и кога ке дојдеме дома а немате почит за нашето време, секој совет што го добивате онака во случајна средба на улица е работа и резултат на години непроспиени ноки. |
| maticen lekar, 19.01.2012 02:18:25 | Почитуван др.Илија Глигоров!Навистина не можам да се изначудам како давате вакви паушални изјави ,токму Вие кој сте член на Управен одбор на ФЗОМ а воедно и член на Управен одбор на ПИОМ,активист на Црвен Крст,активен член во Здружение на пензионери и активен член во Здружение на воени пензионери(колку паушали и дневници се тоа?)Секако со Вашата функција во ФЗОМ знаете дека просечен приход на една ординација од општа медицина е 92000 ДЕНАРИ!Тоа не е плата на лекар,туку приход на ординација од кој се плака бруто плата за тим(доктор и сестра),режиски трошоци(сртуја,вода,телефон,ком.хигиена,мед.отпад и тн)ампуларна терапија и друг потрошен материјал,канцалариски матер. компјутер.програм и опрема и тонери,принтери и тн,сметководител,хигиеничар и средства за хигиена,и не дај боже кречење на ординација или возило за домашна посета и тн.! пресметајте ја сега платата на матичниот лекар и колку е просечна плата во РМ.Вашиот приход е неколкупати поголем од нашиот!Нека Ви служи на чест! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 12°C
Претежно облачно
|
Вторник
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 5°C
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 12°C, Мин: 6°C
|
|
|
|
|
|