17.01.2012, 14:01 Половина милијарда Кинези на интернет
Бројот на интернет корисници во Кина минатата година се зголеми за речиси 56 милиони корисници и со тоа ја зголеми вкупната бројка на повеќе од половина милијарда корисници, јавува агенцијата АФП. Кинеската онлајн популација е најголема во светот, со 513 милиони интернет корисници, што во однос на 2010 година е зголемена за 12,2 отсто. Овие податоци во своето соопштение во понедленикот ги наведе Информативниот центар на кинеската интернет мрежа (ЦННИЦ).
Половина од оваа бројка, односно 48,7 отсто од корисниците, или речиси 250 милиони лица користеле микроблогови, во споредба со „слабите“ 63,1 отсто милиони од 2010 година, и тие вртоглавно растечки бројки на интернет корисници претставуваат огромен предизвик за кинески власти кои се обидуваат да го контролираат протокот на информации и да спроведат цензура.
|