17.01.2012, 15:32 Над 70 патници на „Коста Конкордија“ ќе поднесат заедничка тужба
Повеќе од 70 патници на луксузниот туристички брод „Коста Конкордија“, кој во петокот вечерта се насука во близината на брегот на Тоскана, ќе поднесат заедничка тужба против сопственикот на бродот - компанијата „Коста крочере“, соопшти денеска асоцијацијата за заштита на потрошувачите „Кодаконс“.
- Повеќе од 70 патници се придружија на заедничката акција за поднесување на тужба која ја иницира нашата асоцијација, изјави директорот на „Кодаконос“, карло Ријенци.
Во меѓувреме, претставниците на италијанската Агенција за заштита на цивилите потврди дека меѓу 29 лица што се водат за исчезнати во бродоломот, 14 се Германци, шестммина Италијанци, четворица Французи и двајца Американци. Меѓу исчезнатите по еден се државјани на Индија, на Перу и на Унгарија.
За исчезнати се водат и четворица членови на екипажот.
Во бродската несреќа загинаа седум луѓе, а повредени се 67 лица.
Експертите по морско право изјавија дека отштетата за патниците на „Коста Конкордија“ нема да изнесува повеќе од 20.000 евра.
За да се добие отштета од компанијата „Коста крочере“ во рок од десет дена треба да се поднесат изјави и сите можни докази, со кои ќе се утврди штетата на патниците.
|