25.01.2012, 15:53 Запрена лустрацијата за поранешни функционери, новинари, адвокати и медијатори
Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница донесе времена мерка за стопирање на 13 члена од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, односно Законот за лустрација.
Лустрацијата се стопира за поранешни функционери, новинари, членови на организации, адвокати и медијатори.
Според Судот, со лустрацијата на овие личности се навлегува во моралниот интегритет и достоинство, поради што поведе постапка за овие членови од Законот за лустрација.
Уставниот суд го оспори и времетраењето на Законот, бидејќи во него не било прецизирано до кога трае овој процес.
Конечната одлука на Уставниот суд за оспорените одредби од Законот за лустрација се очекува за околу два месеци.
|