20.01.2012, 11:58 Албанскиот министер за одбрана во посета на Македонија
Министерот за одбрана на Рапублика Албанија, Арбен Имами денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Министерот Имами ќе биде пречекан од заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Муса Џафери, а ќе се сретне и со министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими.
Како што е најавено, албанскиот министер ќе оствари средба и со членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.
|